го (зам.) - манифестира (гл.)

Тој го манифестира својот вкус и како способност за јавен интелектуален став со кој од еден социо-историски и културен контекст може да се проценува и оценува убавото и вредното во уметноста, нагласувајќи постојано дека „сомнежот и рационалноста секогаш треба да ги држиме будни зашто можеме лесно да бидеме заведени од вербата дека токму ние сме појавата која со својата творечка моќ може да му помогне на театарот да ги надмине кризните моменти“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Значи, на транспарентен начин го манифестира ублажувањето на болката.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Газењето и угнетувањето на Жената, вулгарните вицеви и арогантниот тон што го манифестира тоа суштество во темен костум на Жан-Пол Готје, веќе по првите неколку моменти смислено предизвикуваат отпор.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Личноста која зела дрога не може да го манифестира своето ново “разбирање” бидејќи не постои ништо што би можела да го верификува во однос на реалноста.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)