го (зам.) - мами (гл.)

Најпосле, џембос нека ватат и девери, етрви, јас да си го гледам мојто црнило и дечињата, та потамо господ шо реткол,“ размислуваше Митра и почна да го мами крмнакот: — Бррр . . ., гуци, гуци, гуцииии!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сонцето сето се стопува во водата и отсјајува, водата го мами човека, колку и да е свежо, зашто е веќе длабока есен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Го мамиш, го раниш сено, му постилаш а не знаеш кое теле.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Боги, струполен и поспан, го мамеше Борјан, кој копнежливо го гледаше низ прозорецот и цифкаше: Пути ме, сакам галам...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тој е нашиот прв учен лекар, му велеа на Милош, не како сегашниве бајачки и гатачки, што го мамат народот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа беше еден негов лов, сите во неговото село му признаваа дека тоа е најмногу негов лов, во кој секогаш се впушташе, а сега неочекувано му стоеше тука, во таа длабока трага пред него, и го мамеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога учителот ќе го најдеше со тие книги, му ги земаше од рацете и му велеше: „Фрли ги тие книги, и јас кога бев како тебе ги читав нив и си го мамев умот, им верував сѐ...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А Татко со вештото свртување на кормилото ни се чинеше оти го мами змејот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Што сон го мамеше, што вода плискаше во неговата цврсто зделкана машка глава?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Немој да мислиш оти јас си го мамев умот по убавината твоја како ти по мојата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Билбордите не се пасивни елементи во урбаниот пејзаж; тие активно го мамат окото и имаат тенденција да доминираат со визуелното поле.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Зашто луѓето немаат слобода во изборот дали ќе ги гледаат билбордите или не.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сликите го мамат: како го убија Филип... како го вика неговиот иден син...
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)