го (зам.) - лечи (гл.)

Ем го плаќавме, ем сѐ наопаку направи, ем испокрши едно чудо материјал ем, после, кога падна, моравме да го миеме, в болница да го носиме и да го лечиме.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
При што никому од тукашните главатари не му текнува Да поведе сметка и за нас коалите Па на секој новодојденец да му наложи при цапнувањето во Австралија Да засади макар по еден еукалиптус За ние да можеме безгрижно да сонуваме И да си ја исполнуваме својата мислителска мисија А не да ни ги скусуваат соновите и од нашиот еукалиптус Уште да прават и некакви бонбони за шмукање Божем нема со што друго да го лечат народот од грлоболка Ние коалите не сме злопамтила Ама вие сега видете каков тоа човек создала работата И дали е баш вистински човек оној кој на коалите им зема дел од еукалиптусот Таквите во Македонија ги викаат човеци Некои од нив доаѓаат од стар крај со навики да крадат дрва за огрев Ама и кога крадат барем крадат дабови и борови а не еукалиптус
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Го врзуваа со јаже за да му стават облоги и мелем на раните за да го лечат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но тие шест месеци го лечеле, ама петолирката ја зачувале.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
За одредени болни, или грешници што ги лечеше, уште во почетокот им приоѓаше со силен уплав, со шок: ги затвораше во студената ќелија без леб и вода, му ги ставаше нозете во дрвениот штекел да не може да мрда, и по некој ден ќе му пријдеше сосем поинаку: со нежност, со убаво, со благи зборови за да му го смекне срцето, да му го отвори, и на тој начин полесно да му влезе во душата, полесно да го лечи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)