го (зам.) - лепи (гл.)

Иако таа беше во години, изгледот нејзин ѝ беше младешки, очите полни со сјај и опчинувачки, лицето поднасмевнато и со дупчиња на образите; усните меки и сочни; само не му се допаѓаше што таа премногу го лепеше лицето со крем за да ги израмни неколкуте брчки на него, па некогаш му заличуваше на маска и ја тераше да го истрие со крпа или да го измие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Го носеше на гробот од свети Наум и му ги покажуваше фреските да види какви сѐ болни светецот излечил и го тераше да го лепи ушето на плочата за да му го чуе срцето, да му помогне светецот, да му даде и нему спас.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Постоеја загледани во гробот, а потоа љубопитноста ги повлече и еден по друг почнаа да клекнуваат на колена и да го лепат ушето на плочата од гробот и да ослушнуваат; од длабината им идеше некаков подземен шум, тих, нејасен.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кара-Демир ја нашол својата пушка и ѝ го лепи кундакот на десниот образ на Европа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во црквата беше тивко. Мијале клечеше пред олтарот и со стиснати дланки на ушите го лепеше челото на камениот под.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Треба да оди тука близу, до еврејските канцеларии, каде што го очекуваа неговите уплашени соговорници што, Боже мој, беше поволен предуслов за успешни преговори.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го фаќа паника, брцнува во другиот џеб, вади нов флиспапир од него, панично го лепи врз претходниот лик и гледа: од огледалото го гледа насмеаната фаца на Левантинец.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ха, пак Лангачот како светец се искачил по ѕидот и го лепи лицето до испуканото стакло.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Најнакрај, пред големата воздишка, грнчарот сфаќа дека додека го лепел грнето бил почесен гостин во времето во кое среќа е да имаш среќа и кога никој не те гушка од среќа.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)