го (зам.) - критикува (гл.)

Приказната сѐ уште има надреални елементи, не е само пукање. NBK го критикува американското семејство (одгледувач на злоупотребата), правниот систем (садистички и некомпетентен) и алчните медиуми што во таблоидниот криминал наоѓаат шуплоглав еквивалент на Грчката трагедија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со намера или не, NBK ги романтизира своите убијци, ги прави попаметни и посекси од нивните гонители.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Линијата на насилства е непроменета во последниве 20 години.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Хегел го критикува либерализмот, зашто смета дека тој е извор на вечни општествени смутови и нереди.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Неговиот живопис некојпат го критикуваат заради реализмот, но Музејот на современата уметност во Њујорк му ја купува сликата „Мона Лиза на возраст од 12 години“. 1966 - 1972 Ботеро ги изложува своите дела во Европа, патува по Италија и Германија, на свој начин ги интерпретира Дирер и Мане.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ботеро сега живее и работи во Њујорк.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но, Џулија го критикуваше учењето на Партијата само кога тоа на некој начин ќе го допреше нејзиниот сопствен живот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Што легализацијата навистина би значела? На поедини поборници на актуелната политика им е многу полесно да го критикуваат отсуството на планот за легализација отколку да ја бранат забраната за уживање на дроги, како отсуството на потполн консензус помеѓу приврзаниците за легализација да ги оправдува лошите последици од војната против дрогата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Меѓутоа, многу од оние што се наоѓаа во првите борбени редови, вклучувајќи ги и полицајците, државните обвинители и свештениците сега сакаат укинување на забраната за уживање на лесни дроги.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа го критикува марксистичкото објаснување на угнетувањето на жените слично како и западните феминист(к)и, критички испитувајќи ги ограниченостите на марксистичкото сфаќање на “класата” за анализата на ситуацијата на жените.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Маркс и Енгелс ја прават оваа поента во Германската идеологија okno.mk | Margina #1 [1994] 29 кога го критикуваат Фоербах за менување на зборот “комунист”, кој во реалниот свет значи следбеник на една одредена револуционерна партија, во само една категорија” (Tucker 1978,167).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Агниното бласфемично сведочење е насочено против човекот кого целиот живот го поддржувала, премолчувајќи го сопственото мислење, и со тоа посредно учествувала во појавата на она коешто подоцна го критикува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но зборовите на Петар го погодија и го навредија, па уште повеќе го намрази и оттогаш избегнуваше директно да му се спротивставува или да го критикува.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Најмногу од сѐ, се надевам дека книгава ќе послужи за да се оправда вредноста и сериозноста на мојот предмет „Како да бидеш геј“ пред сите што биле скептични, збунети, навредени или згрозени од него, што му се противеа или што поради него го критикуваа Универзитетот на Мичиген.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Така почнаа да го критикуваат по весниците, само година дена по неговото соединување на архирабинската столица.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во сефардскиот печат, дури и во умерениот „Ел Тиемпо” го напаѓаа за неумерено покачување на рабинската плата, а уредникот Јицак Давид Флорентин, еден од угледните личности на Солун што ги запозна уште при првата посета на градот, дури без стегање напиша еден текст од секташки позиции: изворот на арогантноста - ѝ поминува низ мислите текстот што најмногу ги здоболе и Цви и неа - е ашкенаското потекло на главниот рабин; таму, според тој луд Флорентин, лежи причината за тешкиот, автократски и нееластичен карактер на главниот рабин, додека без срам потаму пишува дека „ние Сефардите сме луѓе со слатка, флексибилна и добродушна расположба”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ако имаме некому нешто да му забележиме, да го критикуваме, како што се вели, можеме да го сториме и на убав начин, со убави зборови.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Овде конечно во потполност се оцртува стојалиштето од коешто Кравар го критикува Крлежа.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Меѓутоа, во нејзината дискусија за тоа каков вид на јавна сфера е потребна 108 Види Craig Calhoun, “ntroduction” in Habermas and the Public Sphere, ed. Craig Calhoun (Cambridge: MIT, 1996), 2. 109 Ibid., p. 23. 94 во едно вистински демократско општество, Шантал Муф го критикува привилегирањето на консензусот над конфронтацијата меѓу различните демократски политички идентитети.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Понатаму, централно начело на Хабермасовиот идеал - јавна сфера слободна од власта - е идејата за консензус, рационално и слободно постигнат меѓу учесниците во јавната сфера.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)