го (зам.) - копка (гл.)

Почна да го копка, да му лази по градите, по крвта, по кожата. Отпрвин лесно, одвај забележливо, а потем силно.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сака да види што има онаму каде што окото не гледа... Тоа го копка и мами”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Го копкаше сега да е дома, да седне на својата работна маса, да го стави пред себе блокот и да се чуди што ќе прави.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И мелодијата појасно и посилно трепереше во мрачнината и го копкаше тажното чувство во него, разбудуваше и растопуваше некоја болка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Реши да се пробие преку Гола Глава. Го копкаше неизвесноста, го болеше судбината на дедо Иван.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И него сега почна да го копка црвецот на сомневањето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во главата веќе го копкаше нова ѓаволија.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Беше си се замислил за сето што го преживеа последниве денови, а во душата го копкаше мисла за својата грешка што го застави да избега од домот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Но нешто ќе се случи, жално коментираше Чанга и мислеше да го остави читањето, меѓутоа, судбината на козлето силно го копкаше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)