го (зам.) - контролира (гл.)

Во текот на изминатите столетија нагласката беше врз нашиот свесен систем за обработка на податоци - рационалноста.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Напреднаа истражувањата на големиот мозок којшто ги контролира свесните активности, но и малиот мозок, којшто го контролира несвесното, е исто толку сложен и релативно неистражен.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ова болеше со бол непознат за моите граници во кои можев да го контролирам.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога летате ниско во F16 Falcon со суперсонична брзина над планински терен, колку помалку го гледате реалниот свет толку повеќе можете да го контролирате вашиот авион.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пилотот во овој случај се чувствува втопен и потполно присутен во еден виртуелен свет, којшто наизменично се поврзува со реалниот свет.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Безмилосно и непоколебливо, мошне луцидно, продлабочено и со големо чувство за релевантноста на проблемите што ги загатнува (притоа совршено избегнувајќи ги замките на баналноста и дидактичноста, толку карактеристични за сегашните кобајаги либерални нови идеолози кои во значајна мера се истите оние божем одвеани марксистички цензори сега видливо присутни по разни „невладини“ и „граѓански“ здруженија од каде делумно пак финансиски го контролираат текот на идеите), Буден просто се наметнува како пример за улогата на интелектуалецот во (по многуте гадости) сличните источноевропски општества во „транзиција“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Го контролирам погледот, глетка си одбирам, господарам со дрвјата, филоновски ги соблекувам.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
- Тие сакаат да го контролираат цел Балкан.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Него го контролираат природните пејсмејкери, кои нормално му осигуруваат рамномерни и правилни отчукувања, но понекогаш тие воопшто не работат како што треба и тогаш наизменично се јавуваат подолги и покуси паузи меѓу отчукувањата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но тој не можеше, како татко му него, допрва да го земе за рака и да го контролира, да го дисциплинира и, едноставно, да го држи покорен; зашто, едно имаше отпор кон таков начин на воспитување во кое гледаше просто повторување на односот од татко му кон него, а и друго и времињата на нивните детства беа различни, па она што го имаше неговиот син тој го немаше во своето детство, така што не можеше да се снајде во него како што веруваше дака се снашол во своето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа е добродетта на отуѓувањето, што подоцна се оплакува како факт за себе-развластеноста - при што оној Другиот станува наследен непријател, бидејќи тој го контролира нашиот отуѓен дел.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Информирањето и консултирањето ги опфаќаат мерките предвидени во врска со пренесувањето на работниците и мораат да се спроведат пред да настане промената во работењето, без оглед на тоа дали одлуката за пренесување е преземена од работодавачот или од лицето кое го контролира работодавачот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
--Јас верував дека ќе умеам без ничија помош да ја сместам во таа празнина што самиот ја обезбедив -.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оставаше впечаток дека го контролира секој збор. Секоја постапка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вчера тој живееше во мир со самиот себе, го контролираше својот живот; неговиот свет беше цврсто закотвен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
-Разбудените можат да го контролираат својот духовен свет, знаат дека во себе го носат и детето и мудриот старец... - говореше Еразмо... - треба да се трудат да го пронајдат мудрецот во себе...
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Моќта на индивидуите со отворен ум да донесуваат и пре-донесуваат одлуки за сопствените животи, да произведуваат, готват, измислуваат, избегнуваат свои сопствени лаги, е сериозно ограничена.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Каков совршен живот? Зарем не му завидуваш?“ Не му завидував.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Младите немаат моќ, немаат глас, немаат избор.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Каков живот”, рече таа мавтајќи со чашата пред екранот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Маусот или електронскиот молив се магичното стапче што го контролира огнот на мониторскиот дисплеј и ја зауздува креативната сила на операторот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Филмов го имам гледано шест пати“, рече таа борејќи се да го контролира својот глас, „и секогаш се возбудувам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Спининг диск-драјвовите се пентаграми, испишани со комплексни симболи, глинени плочи што го примаат „внесот“ (инпут) од „етерот“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во сите овие статични, примитивни општества, мислењето е привилегија на оние што го контролираат оружјето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ненадејно во нејзината глава проработе стариот бес за кој мислеше дека може да го контролира.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кој го контролира нејзиниот правец?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Имаше инструкции за барање прием кај Фарук Кадуми, доколку не бидам примен кај Арафат во врска со неодложни прашања.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Започнав посветено да ги читам телеграмите. Иваз будно следеше со погледот кој не можеше да го контролира.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дотекот што го регулираше и го контролираше Ниротакис, кај Авни беше истек (прилив и одлив, така тоа го нарекуваа Круме Волнаровски и Стево Трајчов кои го водеа привремениот престој на жените).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тука се луѓето кои ја имаат моќта да го контролираат мојот живот, си помисли Александар, животот на родените и оние кои допрва ќе се родат во оваа малечка земја.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Според тоа, ние го контролираме минатото, зарем не е така?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој чекаше со раката врз прекинувачот што го контролираше телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Ние го контролираме животот, Винстоне, во сите негови фази.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Кој го контролира минатото, ја контролира иднината; кој ја контролира сегашноста, го контролира минатото“, повтори Винстон послушно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Каков вид луѓе ќе го контролираат светот, исто така беше очигледно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„О'Брајане! рече Винстон, напрегајќи се да си го контролира гласот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секој звук што ќе го направеше Винстон, над нивото на сосем тивок шепот, беше фаќан од него; згора на тоа, сѐ додека се наоѓаше во видното поле што го контролираше металната плоча, тој можеше да биде виден и чуен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Ние ја контролираме материјата затоа што го контролираме умот. Стварноста е внатре во черепот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Оној што го контролира минатото“, гласеше партискиот слоган, „ја контролира иднината: Оној што ја контролира сегашноста го контролира минато“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Па и сега, иако разумот му велеше дека пораката веројатно значи смрт - сепак, тоа не беше она во што веруваше и неразумната надеж опстојуваше, и срцето му биеше, и со тешкотии си го контролираше гласот да не му трепери додека ги мрмореше своите бројки во говорпишувачот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Кој ја контролира сегашноста, го контролира минатото“, рече О'Брајан бавно, клатејќи потврдно со главата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како можете да го контролирате сеќавањето. Не го контролиравте моето!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ниту една од нив никогаш не го контролира целиот спорен регион.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја дехидрира хуманоста! Го контролира пламенот на срцето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Секој туш и тоалет се во посебен, одвоен, затворен простор, кој го контролира пациентот- корисник. ...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ако го трансформираме внатрешниот свет на нашите души ако се ослободиме од темните сенки на нашето минато, од разочарувањата, неуспесите, траумите, понижувањата, ако научиме да го контролираме минатото, нема повеќе да го носиме како тежок товар, нема зошто да жалиме сѐ е добра лекција, шамар за освестување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Потребна е храброст да се променат работите, но со магијата и волшебството што го чуваме во срцето можеме да бидеме љубов за да најдеме љубов, да веруваме во можностите и слободата и ќе најдеме среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мора да 143 Braco Dimitrijević, introduction to Gallery of Contemporary Art, Braco Dimitrijević (Zagreb: Gallery of Contemporary Art, no. 191, Feb 8-25, 1973). 114 се случи ноќе, кога зградата спие“144, вели Кшиштоф Водичко (р. 1943, Варшава, Полска).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Зградите што тој одбира да ги нападне со неговите големи слајд и видео проекции (што тој го нарекува ’интерогативен дизајн’) се обично оние кои доминираат во урбаниот пејзаж, оние кои го контролираат и регулираат протокот на секојдневниот живот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Но покрај тоа, тие сметале дека е можно да го контролираат и тој да работи за нив ако биде ставен под контрола на Заедничкиот генералштаб.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На изненадување на сите, Донован се согласил да се стави под контрола на тој орган.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ова множество на шеми ги води нашите акции но повратно и се ажурира кога акциите ќе доведат до нови перцепции; интеракцијата на настани и очекувања го контролира процесот на акомодација при кој нашата целосна мрежа на шеми се ажурира и проширува.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Цела година откако е во гимназија, јас од ум не ја симнувам мојата најважна задача.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми и татко ми, гледам, никако не го контролираат, па решив работата да ја преземам во свои раце.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)