го (зам.) - констатира (гл.)

Имено, ситуацијата се усложни уште повеќе кога во меѓувреме, во текот на постапката, со Решение II Л.бр. 20/05 и 26/07 донесено од Основниот суд Скопје I, во ноември 2005-та, е отворена ликвидациона постапка над „Водостопанство Вардар“ – сметано од јануари 2004 (а како ликвидатори беа назначени прво М.Велинов, а потоа Т.Мартиновски – согласно Глава IX од тогаш новиот, а сѐ уште актуелен Закон за водостопанствата [2005], којашто носи наслов „Престанок на работа“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Проучувајќи ги луѓето, го констатира следното: оние луѓе што прават долги чекори - се сигурни во себе, цврсти, решителни, енергични; таа сигурност им дава полетност, ги тера бргу да одат, да го грабат патот, да го освојат просторот, да стасаат што побргу до целта каде што тргнале;
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Од Бабела се учи мирно да го констатира злочинот и да знае дека потресното во животот е посилно од потресното во литературата, - за да значи многу ефектот на здржаното констатирање.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
6 По ова, тужителите го повлекоа делот од тужбеното барање во кое наведуваа дека бараат враќање на работа и на поранешното работно место – како беспредметно, што судот само го констатираше со Решение.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За првпат ѝ се виде и остарен.  „Татко, се вратив“, му вели спокојно Нина.  Моше се подзавртува за да го констатира нејзиното доаѓање, се поднасмевнува, и со весникот в раце, не ѝ одговара директно:  „Читам во весников и не ми се верува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)