го (зам.) - комбинира (гл.)

Во сликата „Акт, скала за надолу бр. 2“ од 1912 г. Дишан го користи принципот на кубистите за расчленување на формата, го комбинира со впечатоците здобиени за време на студиите на „историја на фотографијата“ кај Жил-Етјен Мари, Едвард Мејбриџ и Томас Еткинс, како обид нешто да се сугерира преку сликарството.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сепак, Дишан не останува да биде „само интерпретатор на една теорија“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ти како да не ги броиш деновите до матурската. До каде стигна со подготовките? Каде го шиеш фустанот? Со што ќе го комбинираш?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Башевски, меѓутоа, оди и натаму, така што античкиот мит за наследениот грев го комбинира со иронизирањето на идејата која во текот на југословенските војни беше поттикната од политичкиот концепт според кој традицијата, историјата и потеклото, се клучните компоненти без кои, наводно, не е можно да се доврши личната, ниту националната индивидуација.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)