го (зам.) - колне (гл.)

Се колнеше себеси што даде согласност да ја огрубат Руса, го колнеше Јанчета кој, велеше, Помалку и поплитко можеше да засече во лицето на Руса, ги колнеше Дамческите што не дадоа помош, го колнеше Арслан бега и сите Турци, го колнеше сиот божји свет, христијански и турски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бахтијарпаша страшно се разлути кога го доби извештајот од витолишкиот јузбашија дека Мариовото ушто не е смирено.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Слушне ли во некое село кавга, веднаш се најдува во него да пресуди со дреновицата; слушне ли да отишол некој селанец во Витолиште, макар по каква било работа, Толе го подложува на судење како прекршител на неговите „свети закони" и пак таа златната — дреновицата заигрува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ах, Толе, Толе, да би од куршум не куртулил, да рече господ златен, шо ми a г'тна младоста! — почна и таа да го колне, леејќи порои солзи во темните ноќи, кога си мислеше колку го сакаше и сака, и колку маки и страдании крај него истрга, решена да умре со него заедно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
го колнеа селаните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Селаните долго го колнеа затоа што тој ден на Велигден сите беа претепани.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го колнеа и младо и старо, но него клетва не го стигна.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сите го колнеа... Сѐ им земаше...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не, не, не го колнам плодот на нашата љубов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Никој, или ретко кој ќе го поздравеше кога ќе го сретнеше или ќе го видеше во градината. А роднините на Видуша го колнеа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
По таквите копилиња сите во селото фрлаа мунѕи, а нивните мајки си го колнеа и животот и денот кога им се подале на војниците в рака.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Едни го колнеа, а други го бодреа: ”Напред само...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Војводата дури во ужас го колнат, и што дека дело тој свештено води.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
А, беше, ми отиде лозјенцето... Еј, лозје мое лозје, токму како во песната: „Јазе те садам, кој ќе те бере...“
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Е, да сум жена, да го колнам: да би не се разбудил! Да би нога искршил!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
За Силјана и напре немало работа и сега немало, при сѐ што сега му се смилила работата и куќата; арно ама требало да си ја трга џезата што го колнале татко му и мајка му.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Во право е синот кога му вели: Курвинската политика ти е влезена во секоја клетка! и мајката негова кога го колнеше, блуејќи крв, додека тој држеше говори во Сенатот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Жените го колнеа старецот, шепотеа по улицата и уживаа, веруваа во сѐ што ќе измислеа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тука се! се огласуваше Петра, ама не го колнеше и не го караше, иако и устата и душата ѝ беа полни со клетви.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Дедото Петко го колни со најлоши клетви и тоа не само кај нас во Банчината, туку и кај другите соселани во Фестивална, и понатаму, преку Ѓорче Петров сѐ до Сарај.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тие го колнат и со месец и со крст да им каже која е таа Наполинка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа Бошко Манев го исплаши уште повеќе, та почна да му се моли на Дика и да го колне во сѐ живо и мртво да му помогне некако, па нека сака што ќе сака.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Ах, проклето! му викаше Кала на кучето и по цел пат го колнеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)