го (зам.) - кити (гл.)

Тетка Фора меѓувремено го стави меѓу нив софричето, истото она што им го ставаше уште кога како деца беа почнале да доаѓаат па почна да го кити.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се разбира, во нашево постмодерно општество, машките спортски ѕвезди можат да си негуваат нападен имиџ што го китат со секакви изведбени керефеки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не пристигна свршеникот си мртов да го кити со росен погребен букет, бидејки не тажат во Река момите, па нити го видел тој срам овој свет!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тоа е она што му ја дава на дејството неговата посебна престижност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Руса, пак, цела една седмина потоа, и дење и ноќе седеш тука, го китеше каменот со цвеќиња, палеше свеќи и го тажеше Јована.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нивната мажествена родова кодираност истовремено го налага единствениот и историски особен статус на настанот и произлегува од него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)