го (зам.) - карактеризира (гл.)

Во интервјуата, Гринавеј укажува на својот интерес за „вишокот на информации“ што го карактеризира барокното сликарство од 16. и 17. век.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сите верувања, навики, вкусови, чувства, ментални ставови што го карактеризираат нашето време се дизајнирани всушност за да ја одржат мистичноста на Партијата и да го спречат согледувањето на вистинската природа на денешното општество.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уште од култната книга на Сузуки и Фром Зен будизам и психоанализа, се знае за стереотипот според кој запад го карактеризира прагматизмот, а исток неговата мистика, која е насочена самата кон себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овде, таа двојна имагологија (како запад го гледа исток и како исток го гледа запад) е балканизирана.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мејл-артот од седумдесеттите години веќе го карактеризира развиена комуникациска мрежа меѓу уметниците ширум светот, се покренуваат специјализирани списанија за мејл- арт, а веќе и некои големи галерии почнуваат да организираат мејл-арт изложби. (Во бившата СФРЈ, на пример, 1972. во белградскиот Студентски културен центар одржана е изложба на поштенски пратки од Седмото Биенале на младите во Париз.) Во осумдесеттите години највоочливата промена и новиот квалитет на мејл-артот е неговата масовност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Значењето на 98 имањето или немањето коса веќе беше нагласено кога се разгледувани Tonzura-та и L. H. O. O. Q.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Актуелна, внимателна и луцидна во користењето помеѓу идеологијата - поим што на библиографскиот материјал, повремено дури и иновативна и го карактеризира ‘нашето време’ провокативна (што е нетипично за литературата од овој вид, тука, кај (“Современиот свет и човек живеат во духот на идеологијата”), нас), книгата на Саркањац бара повеќе од приказ (едно подлабоко и субјективитетот (поединецот) критичко читање), но ние, овојпат, имавме сила за толку... како “дифракциона точка на идеологијата” - онаа точка во која остварувањето на идеологијата мора да се прекрши.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Според тоа, со криптограмот L. H. O. O. Q. Duchamp опишал три нивои на настанот: се одвива coniunctio oppositorum (Сонцето/Ергенот се симнува доле да се соедини со Месечината/Невестата); coniunctio води кон засилена свест (за што сведочи засилувањето на топлината, „огнот долу“); бидејќи засилувањето на топлината, тогаш кога е успешно, исто така е одлика на третиот степен на вештина, ова инцестуозно соединување среќно успеало да ги спои Ергенот и Невестата во андрогиниот Посветеник, а тој факт пак, од своја страна, го објаснува доцртувањето на мустаќите и брадичката што ја комплетираат насмевката на Мона Лиза, која веќе не е толку загадочна.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Да се потсетиме дека во Belle Haleine долгата густа коса го карактеризира женскиот лик на Duchamp.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сето ова како последица на една (кобајаги) иконокластичка постапка и на една (привидно) нечиста шега, го карактеризира L. H. O. O. Q. како парадигма за Duchamp-овите методи и начин на размислување. Apolinere Една година по доаѓањето во Њујорк, 1916, интересот на Duchamp го привлече една обична реклама од картон и обоен лим за емајлот на фирмата Sapolin.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Една од најзначајните книги што последнава година се појави на македонски јазик, секако дека е книгата Идеологијата и Субјективитетот од Бранислав Саркањац (Метафорум, Скопје 1993, 304 стр.) Како што може да се насети и од самиот наслов, оваа книга е еден обид да се испита односот
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Човековото одлучување е вгнездено во мрежа од шеми, така да еден соодветен процес базиран на такви шеми од кооперативни пресметки, подобро од логиката го карактеризира менталното поведение.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Современиците на Арчимболди неговото дело го карактеризирале со изрази што се употребуваат и денес: “Ingegnose bizzarie”, “meraviglia”, “invenzioni di stupore”.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Последица на транзитивноста во поезијата се демотивацијата и произволноста на звуковната подлога на јазикот; - поезијата е акустична супстанца, уметност на фонацијата; - поетскиот јазик стои вон противречноста: вистина – не – вистина; - поетскиот текст со своите поетски фигури претставува елемент на изненадување, што ја зголемува непредвидливоста а тоа доведува до пораст на ентропијата; - одредени поетски содржини бараат одредени метрички типови; - неискажливо во поезијата не постои во чиста состојба; - поетскиот јазик не го карактеризира синонимијата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кога Комитетот зборува за емиграцијата, секако го има на ум раководниот слој од емиграцијата, кој во големо мнозинство навистина бил таков каков што го карактеризира в. “Отмъщение“. 12 Истото, 67 (“Отмъщение“). 13 Истото,69 (“Отмъщение“). 14 Истото, 60-61 (в.“Глас“). 15 Истото, 65-66 (“Отмъщение“). 16 Истото, 59-60 („Отмъщение“). 17
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Токму иконичката сличност на знаците од системот на писмо со прикажаните објекти го карактеризира системот на писмо како пиктографски или иконички систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога телото станува материјална потпора, субјект, содржина на уметноста, тоа ја задржува можноста да ги измени детерминираните и фиксни односи коишто некогашниот објективен статус на уметноста ги бараше во играта на субјективитети поставени и емитирани со телесни гестови, структури и односи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во случај врската меѓу сигнансите на идеографскиот систем на писмо и соодветните појмовни категории да е условна, тогаш таквиот систем на писмо го карактеризираме како условен или конвенционален.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Приватното тело се користи како материјал на формата, субјективна ствар и содржина во којашто се урушуваат искуствата и институциите на политиката на телото. (Stiles 1992:96) Stiles го опишува тој процес како „реконституција на хуманистичкиот проект, скршнување од трансценденталниот субјективитет на холистичкиот хуманизам кон еден поли­семичен хуманизам што го карактеризира независната позиција на субјектот“; боди арт-от таа го опишува како развој од фигурација до отелотворување, како одговор на едно десензи­билизирано општество каде што интерсубјективностите им се спротивставени на објективностите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Знаците на писмото од идеографскиот систем графички може да наликуваат на предмети од реалниот свет, со кои тие корелираат благодарение на нивната врска со соодветните поими.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Модерниот уметник, не баш двоен идиот, ќе му додаде на идиотизмот кој го карактеризира неговиот статус во полето на уметноста една комедија на идиотизмот која ќе го засега како индивидуа, во една иронична, комична или со потрагичен тон обоена пракса.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Иако го истакнува својот долг кон игрите на јазикот на Брисе (Brisset) и Расел (Roussel), кусата формула сè повеќе го карактеризира духот на Дишан, и тоа токму онаа од легендите на неговите карикатури, кои во неговиот случај, исто како кај Некохерентните, се базирани на игри на зборови.”
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Бидејќи преводот доаѓа после оригиналот и бидејќи значајните дела никогаш не го наоѓаат нивниот предодреден преведувач во времето на нивното раѓање, тој го карактеризира стадиумот на нивниот опстанок (Fortleben), овој пат попрво како продолжување на животот одошто живот по смртта.* Така, за Дерида и Бенјамин, “оригиналот” секогаш содржи друга структура или форма - “сцена” за идно преживување - дури и самиот текст никогаш да не е преведен.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Да постои дел од животот доволно мрачен за да ја држи надвор од себе светлоста на уметноста, би сакал да бидам во тој мрак, пипкајќи наоколу ако е потребно, но жив, и мислам дека токму современата музика би била тука , во мракот, судирајќи се со нештата, превртувајќи ги и воопшто допринесувајќи неред кој го карактеризира животот (ако е спротивставен на уметноста), а не допринесувајќи стабилизирана вистина за убавината и моќта кои го карактеризираат ремек-делото (ако е спротивставено на животот).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)