го (зам.) - истурка (гл.)

Ама егумен не на светогорски манастир, каде што има многу калуѓери, та од година да може друг да го истурка, ами егумен на свој манастир, од него подигнат во кој ќе му биде егуменлакот осигурен до живживоти.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Максим повторно го зема со секирчето, потоа со сечилото на секирчето го трга накај себе и го истуркува од седелката.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш тој, Максим, пламна; го вцрпи закорилот и викајќи дека ни тој, Симиќ, не е свештеник, дека со народски пари го купил грчкиот владика од Битола, за да го ракоположи да биде свештеник, дека е натрапник и никаквец, го истурка од одајата и го истркала прудолу по скали.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Прудолу по сената бувот се истркалува пред нозете на Васила и на Карамана, и двајцата го гледаат заплашени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Разбра ли? — Му се врекна и го клоцна со ногата, го истурка со раце низ врата, а сам излезе по него, викајќи: — Да не те лаже умот да водиш потера или да чиниш давиа, оти мисли му.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Скрпениот клавир и понатаму одигра неколку улоги во нашите проекти, на пример во Црвената вечера, потоа служеше како барикада пред Вратата 1984, од каде што Lazer го истурка, за да го ослободи влезот - два дена пред тоа му беше изваден гипсот од раката. (...) Напоредно со размената на тематски писма со Monty Cantsin, успешно се одвиваше и мојата активност на планот на истражување на уметнички псевдоними.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Зарем нема ти да се трошиш, - рече и како да го истурка низ порта.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Едо основното некако го истурка, но да продолжи не сакаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пак нека доаѓа кај тебе, не го браниме, ама барем основното да го истурка некако...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сите се здрвија, ама и тој. Каква сила го истурка ова да го рече?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Глигор се радуваше како дете. Тој го истурка прислужникот и ја тресна вратата зад него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе застане некој пред нас, а ние ќе го истуркаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој постојал на вратата толку време, додека жената не си ги отпетлала своите раце од околу вратот на Големиот Ристана, а после, кога тој останал сам како стожер среде таа соба, го зеле и жената и главниот инженер и го истуркале низ вратата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Марјко Посков, тука ли е? Тука е! му одговараа, малку е наведнат на едната страна и малку повеќе со мевот напред од оној пат кога го оптегнал синот со држале од лопата затоа што го истуркал од Агелина! и ќе се раширеше смеа низ купчињата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој истешко стана и нерешително тргна, надевајќи се дека сепак нешто ќе го подзапре, но таа упорно го следеше во чекор и не го остави да се сврти кон неа, барем да бидат лице в лице кога ќ е се збогуваат, и просто го истурка низ вратата пред ја тресне и да ја заклучи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Жена му декиката ја чекала за да го истурка од куќата надвор, чунки беше £ се здодеало од скржавштината што ја имал тој, при с¯ што бил прв богат во тој град.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Дај, оче свети, рака да те изваам од калта - ќе му речел.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И друго нешто ќе нарачуам на аџицава; да за на аџил'к колај јет за одење - им рекол пишман аџијата на попоите и сите другите.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Офицерот го фати за уво, ја отвори вратата, му удри една клоца и му викна: - Хинаус!** - и го истурка надвор.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А сега нема ништо да клоцне, да го истурка ложникот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)