го (зам.) - истроши (гл.)

Уште само три дена, и тој, што се мислеше заштитен, што сиот свој живот го истроши да се обезбеди од суровоста, ќе биде фрлен во самиот вител на злото.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Прелистувајќи ги книгите уморни од вечното трагање по тие суштински прашања, а не добиваме ништо друго освен банални одговори, медитацијата ме потсетува на стихови кои оставија траг врз полноста на моето постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На Запад, работите се прифаќаат откако ќе го истрошат беснилакот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но немаме време за медитации, до крајност се обидуваме да го истрошиме умот, зошто сме свесни за крајот што неминовно ќе дојде, барањето мир прерано ќе ни го покаже тој пат до крајот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
За жал, додека хемиската нервозно чкрипи по хартијата, поетот е повторно нападнат од помислата дека зад привидот на непреченото пишување, всушност кружи и кружи меѓу кориците на една запечатена книга, која некој (веројатно Таткото) ја камуфлирал непрегледна за до крај да му го истроши гладот кон слободата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)