го (зам.) - истркала (гл.)

Тогаш тој, Максим, пламна; го вцрпи закорилот и викајќи дека ни тој, Симиќ, не е свештеник, дека со народски пари го купил грчкиот владика од Битола, за да го ракоположи да биде свештеник, дека е натрапник и никаквец, го истурка од одајата и го истркала прудолу по скали.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бојан расчисти околу трупецот и со тежок напор, полека, помогнувајќи се со еден лост, сантиметар по сантиметар го истркала до средината од стреата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Митра донесе венци, вино и поскура. Стојо го истркала бурилцето на сред земник; ги кладоа на него овие работи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го истркала меѓу аскерот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)