го (зам.) - истрие (гл.)

КУРТА: Надвор се раѓа ден!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Виде — не видов, чу — не чув". Со еден збор Доста беше слуганка, да го чува детето, да го капи и да го пере, да измие пијатата, тенџерињата, душемето на одајата да го истрие, прашина да избрише и нешто да помогне на готвачката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Почекај. Ќе ти го истријам глуждот со мелем. За еден ден ќе помине.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Никогаш не знаеше сама да си го истрие грбот…
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Иако таа беше во години, изгледот нејзин ѝ беше младешки, очите полни со сјај и опчинувачки, лицето поднасмевнато и со дупчиња на образите; усните меки и сочни; само не му се допаѓаше што таа премногу го лепеше лицето со крем за да ги израмни неколкуте брчки на него, па некогаш му заличуваше на маска и ја тераше да го истрие со крпа или да го измие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Отиде во бањата и внимателно го истри мастилото со остриот темнокафеав сапун, кој ја гребеше кожата како шмиргла и според тоа беше соодветен за оваа цел.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се мачеше да го сметне од себе сето време додека продолжуваше да се мие со снегот пред вратата; се мачеше да го истрие од своето лице неговиот млак допир додека притискаше со белата грутка по слепоочниците и по густо обраснатата брада, а кога не успеа, во него остана знаењето дека вчерашниот ден мораше да ги остави по себе сите свои трагови и дека тој ќе мора нив уште долго да ги носи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше само еден поглед, еден миг, тој си помина, чиниш да го истрие, со својата надланка пред засонуваниот поглед. Овде не ѝ се подаде на соблазната.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)