го (зам.) - истреби (гл.)

Бре, какви ненаситници сме, велеа луѓето, го истребивме езерото; се пцуеја, се обвинуваа меѓу себе, но штом ќе чуеја дека пак бучи езерото, дека пак дува југот, скокаа од сон, се будеа и трчаа крај езерото да видат да не се повторува истото чудо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По оваа патрола, што го доведе овчарчето, Фазлибеј испрати заповед до потерните одделенија да не се враќаат назад додека не го истребат „тој трн". Потерите се растрчаа по цело Мариово да ја бараат Толевата чета од четири души.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа го знае секој: и ти, и Ман, па дури и јас, бедна старица, го знам тоа!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За потоа да може да го истреби од светот секој кој не е од ариевска раса.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)