го (зам.) - испревари (гл.)

„Како не помислив на тоа. Ами ако задоцни Патрокле? Ако го испревари џелатот?“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Затоа ние први ќе го испревариме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Знаеш зоште те прашувам?”, го испревари домарот со одговорот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ќе го повторам за да се потсетиш: Секогаш оставај размислите да го испреваруваат она што го правиш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие треба да имаат предност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)