го (зам.) - испразни (гл.)

Така, на пример, за време на вечерата која всушност беше појадок, семејството седнуваше на масите наредени врз столот за да го испразнат корнфлексот од лончињата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Камилски го испразни куферчето, ја стави облеката и приборот за бричење на своето место, и со празното куферче слезе до рецепцијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тогаш Едо престана да прави бељи тука во градот, ама не поминало многу време и ќе чуевме оти што во некое село некому му го испразниле амбарот, во друго село ноќе некому лозјето му го обрале, коњи се украле, пари се украле...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тука го запира вдишувањето. Така, не дишејќи, го врти лицето право пред себе и тогаш пак полека и најнечујно издишува, прво празнејќи го стомакот, се додека сосема не го испразни градниот кош, додека стомакот не му се најде вовлечен во внатрешноста.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога водата во котлето провре, Бојан истури малку од неа во едно длабоко земјено паниче. Го испразни паничето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„А-аа! Така значи, така, гаде препреден...” скреска офицерот и го испразни пиштолот во сликарот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Откако го испразни карванот, домарот помагајќи му во носењето на ногалките, а тој преместувајќи ги летвите час на рамо а час под мишка, Гого го праша дали може да слика на чардакот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Ти си пијан. Си го испразнил шишето. - Веројатно е дупнато. - Ти си дупнат. Како можеше, а јас да не видам?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Него го пративме да ми донесе цигари од селото дури да го испразниме самарчево.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Му се доближи одзади и го испразни сиот шаржер во него. Ѓорче се поревна и падна.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
(Повторно пие. Овој пат со цврста намера да го испразни до дно. Токму кога тоа и го чини, на вратата се слуша ѕвонењето, со договорениот знак.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Револверот што го држиш в раце е мој - и, за жал, празен. Го испразнија тие - само за да го попречат ова.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ја пушти раката кон едно цветно гранче што допираше до прозорецот; го скрши; пред да го помириса, забележа пчела нурната во цветот; го остави гранчето на прозорецот и почна да ја набљудува пчелата; ја гледаше колку е занесена во цветот што не узна дека гранчето е оделено од дрвото и дека се наоѓа во неговите раце; дури и кога со сламката ја помрдна малку, таа не одлета; цветот ѝ беше како рудник во кој длабеше: кога го собра сиот сок, кога го испразни, излета и зафати да врти низ лабораторијата, да зуи оддавајќи немир, паника.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Откако ќе го испразневме полето, кога ќе го суправевме по амбарите, по кошовите, по ќеварите, одевме в орман.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој го испразни лулето, па потоа го наполни.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)