го (зам.) - испочитува (гл.)

Иако уште на погребот видов дека не се труди да прикрие дека не е верник, па дури и дека не се плаши од тоа да биде некому трн во око со тоа што не носи црнина, сепак помислив дека решила да остане подолго за да го испочитува редот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
28 ноември 2009 – Здружението на новинарите на Македонија ја информира Меѓународната федерација на новинарите во Брисел за последното флагрантен начин на притисок врз работата на новинарите во земјата и побара поддршка во битката за слобода на новинарскиот израз.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
27 ноември 2009 – српскиот премиер Божидар Ѓелиќ на регионалната конференција на земјите од Процесто за стабилизација и асоцијација истакна дека Србија ја признала Македонија под уставното име и дека нема да има промена во тој однос и дека ако Грција и Македонија се договорат за името Србија ќе го испочитува договорот по барање на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)