го (зам.) - исплиска (гл.)

Веројатно е жеден, помислив; а можеби и ќе си го исплиска лицето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Денко се наведна над поточето, црпна два-трипати вода и си го исплиска лицето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тука, нешто потаму од чешмата, откако пред тоа ќе си ја исплакне устата од пепелиштата и ќе си го исплиска лицето, од почетокот на западниот лак, од оној негов дел што е свртен нанадвор, отсекува едно мало парче и низ неголемиот усек, прегазувајќи ја железничката линија, ја напушта Потковицата и низ нивјето и ливадите стигнува на Блатото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)