го (зам.) - испише (гл.)

И си го испишав моето име. Многу било убаво кога си сакана.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Значи“, велеше Филозофот, „потписот од записот наш, оној од планината Папок на светот што се викаше бил лажен; Царот Дариј не бил автор на записот, негов сочинител, туку Соломон; кога Дариј ја победил војската на непознатиот непријател, знаејќи за записот на планината од ини времиња, решил само да го избрише потписот „Соломон“ и да го испише своето име, „Дариј“ велеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се обидува да напише писма до Фјодоровиот пријател писател и Фјодоровиот пријател доктор за да ги праша дали знаат нешто за оваа болест на лебдеење за која тешко се осмелува да го испише зборот “болест” но сепак го испишува - повеќе од страв отколку од потреба.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Неговиот пријател сликар го врзува со долга врвка околу стомакот за да може од време на време да го симне од таванот и да го нарани со каша од банани која ја спрема три пати дневно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И го испишува со јадри, шилести букви своето име и пее песни за пролетта, сонцето и житото!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)