го (зам.) - исмева (гл.)

Јан Лудвик го исмеваше нашиот свет и тврдеше дека тоа е лажен свет, дека е илузија; ние моравме да се браниме себеси, да го одбраниме светот во кој живеевме, оти немавме друг свет, свој свет, како што имаше тој; ако го изгубевме светот на Партијата, ние ќе останевме сами со себе, и ќе моравме да погледнеме во празнотијата на сопствените души.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Господ Саздов изгледа не знаеше дека Зумбул го викале коњот со кој Чауле се нашол пред вратата на црквата. (Ова ми го откри доктор Пачев кога слушна дека во приказната го спомнувам коњот на Чауле).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Рикверц Зумбул - го исмеваше Чауле допивајќи ја чашката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во неа уште мириса на чад, на изгореници што ти го нагрдија телото додека го исмеваше огнот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Земанек се срамеше од своето селско потекло, а градските деца го исмеваа и се мајтапеа со него. Освен јас.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)