го (зам.) - искорени (гл.)

И кој знае колкупати си го поставува истото прашање: - Кој ли го измислил ова зло – убивањето? – дали некој ќе го искорени?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сакаше да го искорени ересот, а успеа само да го засили.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој на почетокот повеќе како да сакаше да задоволи некаков каприц на Камилски, кој беше во духот на времето, односно на XX век кога по пресметката со Османската Империја, сојузниците (Англија, Франција и Русија во прв ред) и новите- држави нации на Балканот сакаа да го искоренат и цивилизациското наследство, но, како што обајцата увидуваа на примери од нивната мисија, тоа не беше лесен процес со согледливи резултати!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тешко можеше да се замисли јазичниот пуризам на возможно на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нивното пренесување од генерација на генерација, нивното жилаво одржување преку влегување во спрега со други зборови, тешко можеше некој да го искорени.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И наредниот збор севап не може да се толкува без да се разбере целосно инаетот!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зборот има неисцрпни значења и ретко кој би можел лесно да го искорени од балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој беше уверен, а во тоа се убедуваше од ден на ден, од нов турцизам до нов турцизам во текот на нивната работа како и самиот Камилски дека балканските народи се блиски до османската цивилизација повеќе отколку што сакаат да бидат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И сега, кога ги следам пред овие идеолошки водичи на Атеистичкиот музеј во Скадар, тие сѐ повеќе ми личат на видените дервиши во детството, сега како вистински црвени идеолошки дервиши на новата вера кои по наредба или според болно соживување се предаваат на реторички оргии сакајќи во нивниот транс да го искоренат стариот бог од луѓето и да ги натераат да го прифатат новиот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И социјализмот не може кивањето да го искорени. „И две црни очи што фрлаат оган, каде и да минеш за тебе се слуша...“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Машката женственост можеби си има своја мизогинистичка нишка, но нејзината мизогинија е некако поненагласена од мизогинијата што геј-мажественоста ја создава со својата панична решителност да го искорени секој признак на женственото во мажот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, тие кажуваат нешто важно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Видот машка геј-култура што ѝ е најсклон на мизогинијата веројатно ќе биде онаа маскулинистичка варијанта што ја промовираат Џек Мејлбренч и братството г0ј; тие се тие, најпосле, што сонуваат да живеат во свет без жени (од кој било пол).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако, меѓутоа, ироничното пародирање на женственоста од страна на машката геј-култура не мора нужно да искажува непријателство кој жените, тоа, сепак, не ни кажува какви ефекти има врз вистинските жени и колку се позитивни тие ефекти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Штом децата ни ги облекоа така, штом ги вратија во бој, кучкините синови решиле да ни го искоренат коренот! - така велеше дедо ми. Така велеа и други.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сабајлето не собраа во ливадата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ете, погледни ја мајка ти, Кире, погпедни ја...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ноќта не фати бура.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)