го (зам.) - искапе (гл.)

Митра го искапа чупето, го остави пак на пелената, влезе во кералчето, донесе набрзина други пеленки приготвени од Доста за таа работа, и надвенатри го запови.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го искапа бабата. Кога го вршеше ова среде тишината темна, монотоно сите ги редеше маки на Јова, в потсмев кон сладоста земна.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Како да извираше и како да се креваше од бистрата, мирна езерска вода со безброј чисти, светли души - утрото заигра во воздухот, се крена над стариот град, стегнат од сите страни со дебели ѕидови за миг го искапи, го осветли и го оживеа со својот трепетен сјај.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Му даде јадење и водичка, го искапи, дури и куќичка му направи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Бидејќи му беше многу топло, а можеби сакаше да го искапи и слончето, влезе со него во водоскокот.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Не го закопаа. Старецот му се врати на животот уште пред да го искапат и да го пресоблечат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Таа го искапала детето, го преповила и го дои.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе го искапам и ќе го топлам над мангалот, полн со разгорен дрвен јаглен.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некогаш од сон ме буди неговата смеа; одам, ја отворам вратата, неговата соба е празна, но мириса онака како што мирисаше тој кога беше малечок откако ќе го искапев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога јадам, помислувам дека е гладен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)