го (зам.) - искаже (гл.)

Но Петре се потресува од обичноста на зборот што треба да го искаже и кој како сѐ да разбива и принижува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Размислував и, еве, решив на овој начин да го искажам она што го сметав за потребно и кое веќе од подолгото време ме мачи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Внатре имаше многу врева и турканица.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сите така помисливме, дури и бевме навредени, ама само тој се осмели гласно да го искаже револтот кон недругарското однесување на нашиот водач.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Никој не го забележа нашето влегување.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во една од новите книги, Chaos Engineering, тој го искажува верувањето дека изворната и основна состојба на космосот е хаосот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Вуд (13, p. 225), на пример, јадровито го искажува тоа на следниов начин:”Проблемот на Дерида е да го каже она што го подразбира без да го подразбира она што го кажува”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Овој проблем беше забележан од извесен број автори.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога Кратил би имал право, овој проток на значења би ги лишил И неговите сопствени тврдења од каква И да било одредена смисла.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Узбуна. Пожар. Потоп. Што сака нека биде тој ќе си го искаже она што е во него.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога ја прегрнував и бакнував ме обземаше чувство, кое не можам да го искажам, но кое би можело да се спореди со блаженото чувство на оние верници кои ја имале среќата да го видат и да му ги целиваат нозете и рацете на својот бог.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога зборуваше, Татко секогаш ја гледаше Мајка право в очи и, тоа што не ќе успееше да го искаже, го дополнуваше со тишината, со погледот, со верното кажување на очите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А неколкуте тешко поврзани зборови во реченица требаше да го искажат големиот протестна неговиот живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не, тој тогаш вака не можеше да го искаже тоа, но добро се сеќава како нешто во градите му се сви: неговото живеечко Јаство се преплаши од немоќ.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Навистина беше навредена од животот а не беше спремна да го искаже тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Возбуденоста е разбирлива појава во ваквите околности.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зошо ги користеше досетките? Зошто ѝ беше потребен заобиколниот пат па дури и измислицата?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па и да е така, (а сите знаеме на колку се начини вознемиреноста може да се манифестира), па дури и да се обидеше ова свое однесување да го искаже и со зборови, јас и тогаш неговата вознемиреност немаше да си ја објаснувам само со смртта на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се чудев, зошто ваквото чувствување на нештата не го искажува со поконкретни примери и со појасни зборови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ваквото нејзино однесување го сметав за чудно со оглед на нејзиниот здрав карактер!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се мачеше да најде збор со кој ќе го искаже својот бес.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не го поддржувам тој културен став ниту општественото значење на родот кое тој го искажува; само известувам за него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тогаш целото човечко општење и целата човечка општественост ќе се распаднат, а предивото на човечката односност ќе се расука – како што некое време се расукува во мрачниот дел кон крајот од Илијадата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
“ Со што мора да сум искажал не вчудоневиденост од сексуалната ориентација на новиов пријател, која веќе, на мое целосно задоволство, ја имав утврдено, туку сум го искажал наеднаш сменетото чувство за неговото стојалиште во геј-милјето, како во некаков чуден базен каде што оние чинови на возрасен секс во каков што намерававме да се впуштиме се одвиваа на плиткиот крај, без многу опасност дека, од сите положби што ќе ги заземеме, нема да можеме за час да си го вратиме тлото под нозете, додека детските работи како што е слушањето бродвејски албуми... изискуваа од него да се предаде на речиси целосно нурнување во нешто за што мојот прв фобичен изблик потврдуваше дека е прилично длабочко. (22) ‌Бидејќи упатува на едно обликувачко, изолирачко искуство на несподелива сентименталност, настраната привлечност на бродвејскиот мјузикл – која го враќа геј-субјектот во неговото претсексуално, но екстатично уживање во „детските ствари“ и во сите тие срамни, незгодни емотивни премрежиња на самотното детство – им е многу потежок, многу погорлив залак на геј-мажите од возрасните задоволства на геј-сексот кои го потврдуваат идентитетот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Генерациски судир меѓу жени, пак, дури и да е најсериозен и најжесток, не може да дорасне над рамништето на мелодрама.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ахил се помирува со несомерливиот јаз меѓу чувството и неговиот израз дури при својата последна средба со Пријам, кој му дава пример како да живее со него – како да го пополни истиот тој јаз.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Само со целосно прифаќање на самата стигма човек може да го неутрализира осилото и да го претвори во смешно“, заклучува Естер Њутн.191 ‌Еве, значи, уште еден пример кога геј-мажите изгледа дека го искажуваат својот особен субјективитет и дека изведуваат чинови на културен отпор така што канализираат разиграни, хиперболични или будалести претстави на женското страдање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа славна и патетична постапка не ги преведува Пријамовите болка и гнев во јасна јавна форма.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ова, се разбира, не ги искажува моите лични ставови кон прашањево.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Откажувајќи се од секаков обид да го искаже она што навистина го чувствува кон Ахила, Пријам, несебично решен да си го откупи од Ахила трупот на мртвиот син, Хектор, му ги бакнува рацете на оној што му ги убил децата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не сакајќи тоа сами по себе да го искажат, војниците крадешкум погледнуваа и само со гестови даваа на знаење дека им сочувствуваат на дојденците.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во своите подоцна напишани спомени (1937) Лозанчев, впрочем, како речиси и сите други што пишувале за Солунските атентати, го искажува своето восхитување кон гемиџиите и нивното дело.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Орце пред Гоцета го искажал своето огорчување за неоправданите клевети и заплашувања што Гарванов ги упатувал против нив и изјавил дека, ако некои од гемиџиите во Солун, Велес или на друго место настрада од луѓето на ЦК, тогаш тие немало да го бараат физичкиот убиец, туку ќе се одмаздат со убиство на некои од членовите на ЦК.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Живее далеку и има многу свои грижи и задолженија, а и тоа чувство за нас го искажува онака како што може и умее.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Беше тоа пак само едно просто продолжување по посоката на будењето, само едно растење на осветувањето во него и тој сега плачеше, увиснат и безволен за секакво друго движење, од тоа, што не можеше никако поинаку да го искаже она, што се случуваше со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Никој не ќе може да го искаже сето она, што се случуваше со тоа ситно, прерано старечко тело, припиено во тие спичави штици со сите четири, додека се спушташе надолу, нити она, што беше во неговите очи, полни со некаква потпечена, лудечка смеа, кога беше долу, исто како да го надмудрил некого и еве успеал пак повторно да се роди, паднат во калта, уште долго време не испуштајќи ја тврдата земја од своите крвави раце.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа дури го искажа на глас. - Колку убаво среден имот!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Национализмот е барање волјата на заедницата E. Renan, What is a Nation, задолжително да добие форма на суверена држава. Ernest цитат во: Homi K. Bhabha, Renan, еден од главните мислители на национализмот, „Dissemination Time, narra- тоа го искажува на следниов начин: „Егзистенцијата на tive and the margins of the една нација е, ако ја допуштите метафората, секојдневен modern nation” во: The Loca- плебисцит, токму како што егзистенцијата на поединецот tion of Culture, London and е непрекината афирмација на животот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Како што вели самата во својата песна „Поезија“- „Љубовта е поезија, поезијата е љубов“ (во претходната збирка „Полиглот на тишината“) целосно јасно укажувајќи на својата непресушна потреба секоја своја внатрешна состојба, надворешна иритација, секое најмало шумолење на лисјата или ветрот, да го искаже со стихови.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Така беше секогаш во долгите разговори со Лакхдар, од заобиколни патишта се стигнуваше до магистралните.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Му го искажав својот восхит за неговиот дипломатски итинерер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како ретко кој балкански интелектуалец, нашиот Фаик Коница во битката на европските идеи не го претопил своето балканство во европејство, за тотално расчистување со својот автентичен идентитет (како што ќе го направат тоа многу балкански интелектуалци, како романските, на пример, меѓу кои најкарактеристичен е случајот на писателот и филозофот Емил Сиоран, кој си поставил за императив или да пишува на француски како Французин или да се самоубие, туку останува доследен на своето балканство, односно на албанскиот идентитет, јазик и литература, бранејќи ги со своето прво име Фаик Коница), паралелно и на своето европејство (што го искажува со совршеното пишување на француски јазик, на кое му се восхитувал Гијом Аполинер и со своите псевдоними Транк Спироберг, Пирус Бардули и други).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се гледа тука постојаната биполарност и осцилирање на интелектуалците од децималните јазици и култури (Анте Поповски), односно нивната Јанусова природа: припаѓајќи им на мали јазици и култури, тие не можат да се откажат од јазикот, митот и колективното несвесно на национот во кој се родени, иако по духот се многу често повеќе Европејци од Европејците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во оваа пригода авторот им го искажува својот омаж и големата благодарност на крајот на оваа книга...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И што е најзначајно, во еден омаж што ќе му го искажат неговите благодарни потомци, ќе биде истакнато дека нему ќе му биде туѓ секаков пуризам, таа болест на слабите, загрозените и, што е најзначајно, неговиот став кон турските зборови ќе биде ослободен од омраза и комплекс на помала вредност продолжи Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
БАЛКАНСКИТЕ ХЕРМОГЕН И КРАТИЛ
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа и посебно внимание во дијалогот на двајцата интелектуалци му се посветува токму на Фаик Коница: ...нашиот Фаик Коница во битката на европските идеи не го претопил своето балканство во европејство, за тотално расчистување со својот автентичен идентитет (како што ќе го направат тоа многу балкански интелектуалци, како романските на пример, меѓу кои најкарактеристичен е случајот на писателот и филозофот Емил Сиоран, кој си поставил за императив или да пишува на француски како Француз или да се самоубие), туку останува доследен на своето балканство односно на албанскиот идентитет, јазик и литература, бранејќи ги со своето прво име Фаик Коница; но паралелно останува доследен и на своето европејство (што го искажува со совршеното пишување на француски јазик, на кое му се восхитувал Гијом Аполинер...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Голем дел од нив си доаѓаа дома барем еднаш на неколку години, по некое непишано правило в лето, за да го искажат својот презир кон плитката памет и лошата материјалната состојба на своите земјаци во татковината.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
13. САМИОТ ГОСПОД ЗНАЕ ШТО И КАКО ЌЕ БИДЕ - да дојдеше на светов бар пратеник негов да го искаже пророштвото на поминот иден на бродоломник што нејќе да плива кон брегот...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Нив ги сврзуваат, ги обединуваат спонтаноста на доживувањето на „мотивот“, помнењето и обземеноста со него, и така слеани во едно требаше, тогаш, да го искажат неговото јадро, суштината на опеаниот настан - трагичната смрт на Рацин -, за да се обликува целината на реквиумот, на оваа, условно речено, мала, своевидна поема, на нејзиниот сензибилитет, на поетичката структура и јазик.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Братучедите се вратија назад на сламата зачудени од исто прашање што не умееја како да го искажат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
(Мислам оти на ова место треба да истакнам дека во принцип подобро владеам со она што сакам да го искажам одошто со она што евентуално ќе го соопштам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Загорка умееше на неочекуван начин да си го искаже задоволството.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се случувало и со насмевка да го искажам бодежот на болката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разбира, очекував што ќе рече Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Чуствувам некоја чудна вина - реков, а зборот вина што го искажав со необична леснина, сетив како го проследувам и со мала непотребна насмевка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И бев со впечаток дека осмислувањето на деновите таа го разбираше покрај другото и како потрага по нови изненади.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Некое поголемо сомневање, што таа не сакаше јавно да го открие и да го искаже.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Господи, таа отсекогаш беше надарена и од најголемата збрка да извлече лична корист.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А Рајна пак, постојано се бесеше за раката на Анатолиј ако беше близу до неа и не се стеснуваше јавно да го искажува своето задоволство и среќа дека ѝ тргнало од рака, еден заколнат руски беќар да го престори во среќен маж.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Па, сепак, беше очигледно дека најавува спремност да поднесе секаков вид вистина, се разбира ако некој друг се досети да ја објави или барем да ја спомене.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога Енди Ворхол вели: “Сакам да бидам машина”, тој го искажува образецот на максималниот снобизам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Моите чувства останаа замрзнати, моите сетила се бесчувствени, моите погледи се изгубени, зошто моето срце сѐ уште е крај тебе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И сега кога сум далеку жалам за тоа што не го искажав.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Што ќе им се, кога со нив и не би можеле да го искажат најважното: онаа силна и автентична љубов што ја споделуваат.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во она што се наоѓа од нивната друга страна...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Восхитена од нив од нивната кревкост, чувствителност и топлина што не умеела соодветно да им ја прераскаже односно да им ја пренесе на своите најблиски, плашејќи се дека тие не ќе можат да ја разберат (...како да ме разберат зборувајќи им за кози и за книги, а да се избегне чувството на простото и на бизарното...; Старова, 2008: 10) таа решила да Ти пишува Тебе. за да Ти го каже веднаш најсуштественото: Всушност, отаде материјалната, социјалната или политичка реалност изнесена во книгите, пленува начинот на кој Вие го оживувате овој свет на кози и книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И најпосле, кога не можеше да го искаже она што го мисли, рече: - Таа си е моја праска, нели? - Твоја е. - А што треба да чинам?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)