го (зам.) - имитира (гл.)

Мојот потпис да го имитираш - тоа е исклучено! Не мачи се! - И навистина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Растегната помеѓу иронијата и тајниот компромис, Дишановата уметност се протега сѐ до “јазикот” и “однесувањето”, за да може да ја истакне (потполно лаички), сопствената идентификација со животот, со постоењето и состојбата на човекот, постоење и состојба двосмислени и неразбирливи, преоптоварени со значења и вредности, но, истовремено бесмислени и парадоксални, со надареност и потсмев подарени од претпоставениот и мошне скриен Творец, кого уметникот неодредено го имитира. превод: Леа Марсел Дишан: Илјада струни 202 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Одеднаш и двете деца почнаа да скокаат околу него, викајќи „Предавник!“ и „Мислопрестапник!“ додека девојченцето го имитираше својот брат во секое движење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
19 Дотолку повеќе што животот го имитира екранот, а екранот животот?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Стварноста сѐ поуспешно го имитира екранот, екранот сѐ поуспешно стварноста.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Десетици генерации часовничари се подгрбавиле во напорите да ги уточнат, а тие враќаат со крајна небрежност.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ми дојде злобна помисла дека врз примерот на овие три часовници е тешко применлива разликата меѓу канаринецот што се обидува да стане птичји Павароти и папагалот, кој, пак, од своја страна, се труди да го имитира (со очекуван ефект на расипан грамафон).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тие сакале да го имитираат него: зборувај малку, работи многу!
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Да не кажувам за мојот Дубровник, каде денес сите го имитираат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Силен е Илија што му даде пиштол и пак го обори под нозе. (го имитира Ристаќија) „Да лежеше Селман-ага уште надвор и јас ќе му удрев некоја клоца“.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Продолжувајќи ја таа насока на размислување, кое е уживањето на едно куче коешто уметникот се обидува да го имитира?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Џоан се смее, го имитира движењето на Барбара.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Постариот брат го имитираше Мусолини.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Доналд Бартелми (Donald Barthelme) претежно е сатиричар и пародист, писател когошто „денес најмногу го имитираат во САД“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И згора на сѐ, нашиот вујко се гордее со она што го напишал за нас - Додека ги кажува овие непотребни обвинувања Виктор се напрегнува да го имитира изговорот на братот на нашата мајка, она нагласено шупливо шепотење но само во понекој од зборовите, а на крајот на реченицата обврзното поткашлување, како кај вујко ми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Инаку, преводот е извршен според еден темелен избор на “Собрани дела” на авторот во многу томови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Аркади Аверченко - неправедно запоставен и зафрлен на маргините на руската литература, прекрасен писател, имигрант по Револуцијата од октомври, 1917 година (на М. Булгаков како пофалба му рекоа дека во едно свое дело го имитира Аверченко, за што поконкретно Булгаков пишува во својот “Театарски роман”) и токму имиграцијата и несогласувањето во новиот поредок придонесе за негово исклучување од редовите на руската (во тоа време, советска) литература.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)