го (зам.) - изусти (гл.)

Ги затвори очите небаре мисли за да погоди, a се сети уште кога Стојан и рече „пред три години да јадеме тиква", ама не сакаше да го изусти името и да си го покаже лицето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој, иако не го видел Ивана, слушнал како загинала притоа не го изустил дури ни своето име.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе ја заградат од сите страни, па пред секој збор што ќе го изустат, ќе загукаат: „Тетко Анѓо, тетко Анѓо...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Веројатно очекуваше дека ќе се впуштам во некои будалести прашања со намера да ја препорачам мојата умност, но откако Пачев заклучи дека сум и прекумерно трезвен, дека сè уште сум со моливот на хартијата, само го изусти она многу шупливо добро... добро... дури и без насмевка во паузите помеѓу нејасните зборови од приказната што ја бев веќе слушнал : Ете, твојата пријателка Пеперутката заминала, што може секому да му се случи, а не оставила никакво објаснување или белег.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Толку се занесе во таа борба со сатаната, кутриот, што во момент на слабост или на лутина, и тоа среде олтарот го изусти и она што никогаш во друг случај не би го изустил за сметка на оној во кого најдлабоко веруваше, ја раздра по сета должина мантијата и ја фрли од себе а потоа, онака разгаштен, се упати кон надојдената река и повеќе не се врати.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Патем го изусти зборот “Muerte”. 77.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ќе ја заградат од сите страни, па пред секој збор што ќе го изустат, ќе загугуткаат: „Тетко Анѓо, тетко Анѓо...“
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Кој можел да го убие, се прашуваат луѓето и се знае каде им оди помислата ама никој не се решава тоа да го изусти.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)