го (зам.) - израмни (гл.)

Со обете раце го подигна големото дебело црвено веленце, на око го измери, го израмни со дланката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Љакето брзо го избриша знакот и го израмни пескокот, а Даскалот рече: - Дали сега некој од вас може да се реши да стане да се обиде да го напише знакот што беше напишан.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Други не сакаа да чујат за бога, велејќи: - Со него сметките ги порамнивме: доброто што ни го даде - го израмни со зло... Сега сме квит, стопанкина му!
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Две момчиња, внуците на Алберт, играат фудбал (светското првенство е во тек, Бекам и другите победуваат, Бразил сè уште не е на ред) на малиот тревник пред влезот на куќата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Експертите по хортикултура (заедно со селаните, кои го израмнуваат земјиштето и ја подготвуваат почвата) ја „промовираат“ новата голема градина на местото од некогашниот замок.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Лебед, презагатливо за Турците рекол, Лебед, Лебед, Лебед, три пати повторил, некаква сила го повлекла и го свртила, го израмнила со земјата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Значи: стојам и пресметувам со каква брзина машината ќе треба да се движи низ преостанатите три деноноќија ако сакаме навреме да втаса до целта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога наеднаш машината здиве и тргна кон мене, но веќе не се движеше лазејќи, се знае колку бавно се движат валјаците, туку се престори животно; троглава аждаја со осум нозе; и јурна тоа чудовиште да ме брка за да ме престори обична страница за нашиот гратски весник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Стојам кај Сујтлакот, пред Првомајските празници. Сакам да проверам како врват работите и дали валјакот ќе успее да го израмни и набие макадамот што води над градот, до местото за прошетки и излети.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нејзината стратегија е да ја презапоседне веќе деградираната женственост и иронично да го редефинира тој деградиран статус, за да го оспори сплетот вредности што се одговорни за неговата деградација, да го разглоби туѓото полагање право на достоинственост, а со тоа и да го израмни теренот на општественото игралиште.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Феминистките, се разбира, го сфаќаат тоа, но многу од нив се склони да бидат неуверени во него, неубедени во мудроста на кампската стратегија да се прифаќаат, запоседнуваат, призиваат и прекодираат омразените претстави.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако машката геј-култура ја пригрнува дисквалификацијата на женственоста, тогаш, таа тоа го прави за да ги осуети и за да ги прекине некои од најотровните последици на таа дисквалификација, за геј-мажите, ако не и за жените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа е почеток на процес на обратување и преозначување: тоа е начин да си ја усвоиме сопствената положба, при што конкретната цел е да ја свртиме наопаку или барем да ја свртиме во своја корист.396 Како што веќе забележавме, доминантните општествени улоги и значења не може да се уништат, но може да се подријат и да се дереализираат: возможно е да се научи како да не се сфаќаат направо (стрејт).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)