го (зам.) - изостри (гл.)

Планинските врвови во морето и над него средоземниот обрач од бездни и азури не го изоструваат духот за злосторство но ниту за лојалност.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Веднаш ќе констатира дека треба: најпрво добро да го изостри своето око!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Милка се најаде а потоа го зема блокчето од чантата, го распосла на масата, го изостри и моливот и ја зачека мајка си.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Оттогаш си стави копче на пис устата, како по операција на слепо црево, и се зарече да си го изостри јазикот по однос на разликата меѓу блажината на дотокот и блаженството на првотокот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Години-гадинки минаа куќата откако ми ја зазедовте тихум, но корка леб ко на срце се најадовте, се напоивте од лазење пожолтевте карактерот си го изостривте ни од крстот уплашени ни од ѓаволот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Милка се најаде а потоа го зема блокчето од чантата, го распосла на масата, го изостри и моливот и ја зачека мајка си.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)