го (зам.) - изнесува (гл.)

„Нека ми прости дедо, ама морам“ - мислеше додека го изнесуваше снопот пред колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Како и да е се враќаме на филмот. Неговиот снимател го изнесува од вилата во 11, поверојатно во 11 и нешто.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Кога ќе затоплеше, најмалата, тета Дитка го изнесуваше телевизорот на западниот балкон, ќе го наместеше во насока на зајдисонцето и наметнувајќи се со ќебе, се впиваше во волшебниот екран.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Го подигнува и полека го изнесува на суво.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во истото време двајца Арнаути го дигаат Илија и го изнесуваат, а останатите ги навртуваат пушките да стрелаат по Ристаќија, но ги спречува излегувањето на Антица и за тоа пукаат нагоре)..
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И.И. зазема поза пред исламското пано и го крева стапчето кон списокот на ликвидираните муслимански свештеници, го изнесува бројот на урнатите џамии и другите исламски сакрални објекти.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го покриваат и го изнесуваат. Му го гледаш легалото празно. 186
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)