го (зам.) - изневери (гл.)

Така беше и во војната. Силната интуиција дека е на вистинската страна, никогаш не го изневери.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој од своја страна направи сѐ што можеше да направи, ама ортаците го изневерија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во тие чудесни процеси на органска перихореза, македонскиот народ ги развивал своите способности, во согласност со својот сопствен антрополошки пат, без да го изневери “византизмот“ како историски образец.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Но со годините започна да го изневерува распоредот на своите книги, залудно губеше големомногу залудно време во библиотеката што загрижената Мајка не знаеше како да го толкува на арно или на лошо.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа исто така смета дека МекКинон го изневерува карактеристичното етичко стојалиште на феминизмот, сведувајќи го феминизмот на едно посегање по моќ.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Многу внимаваше со ништо да не го изневери последниот редослед на татковите книги, да не помести ниту ливче, небаре Татко тука повторно ќе се врати, како секогаш.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој ја сфати безумноста на тоа чувство и се обиде да го спречи, но сите негови напори за рационализација и свесност го изневерија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Секој можеше да поверува дека таа испливала од сините морски длабочини - зашто во неа имаше нешто што го имаа сирените, имаше нешто подводно во целата нејзина појава - како да дошла од длабините на некој злокобен свет за да го намами и да го изневери, и откако го направи тоа, сега сакаше тој да го изеде тоа неверство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сè уште немаше чувство да му се одмазди на Боб; младиот човек не го изневери.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Би можело да биде и страхување дека го изневерила својот Германец во што малку верувам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се шушкаше во училиштето дека жена му го изневерила со некој близок пријател и дека се заколнал дека еден ден ќе ги претепа и двајцата, дека ќе ги убие.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Марко не го изневери кумот, со палто од лажна црна кожа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа, изгледа, свети Ѓорѓија, што тој го изневери, ја замавна сабјата кон неговиот врат наместо кон оној на ламјата и сега само се думаше кога да му ја отфикари.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Ќопав, ама не е тоа најважното, реков. Светецот наш го изневерил, тоа, тоа!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не можам да бидам со него, не можам да го изневерам мојот Бог со друг. Тоа би било крваво.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кога ќе го изневерам, многу сум понежна со него.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Иако Динкинс, можеби, тогаш не сфатил, Русо не го фалел.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Првиот беседник на закопот, во декември 1990 година, бил Дејвид Динкинс, тогашниот градоначалник на Њујорк; цитирал, без видлива иронија, нешто што Вито Русо му го имал кажано неколку денови порано, кога Динкинс го посетил на смртната постела: „Во 1776 година, Едмунд Берк од британскиот Парламент вака говорел за ропството: ‘Долгот на политичарот кон народот не е само да биде вреден туку и да расудува, а ако си го жртвува расудувањето заради народното мислење, тој го изневерува народот“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
“‌ ‌Или размислете за следнава приказна од закопот на Вито Русо, геј-милитантот, виден припадник на ЕКТ АП Њујорк и автор на Целулоиден плакар (студија за прикажувањето на геј-мажите во холивудските филмови).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако ви треба некаква друга потврда на ова, доста ви се приказните за дрег-кралицата која го кренала Стоунволскиот бунт удирајќи го со чантичката полицаецон, небаре сакала да каже – како Феј Данавеј во улогата на Џоан Крафорд која играла разгневена мајка маченица – „Па зошто не можеш да ме удостоиш со почитта што ја заслужувам?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Освен тоа, него го разјадува и помислата потекната од едно матно, никогаш неразјаснето сомневање, дека Лила нешто пред неговото заминување од нивниот дом во престолнината, почна да го изневерува.  Откако се зедоа, тие двајцата водеа удобен живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Размислуваше каде човекот го изневерува природното, органското во себе за потем да се довери на вистинската, објективната историја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А Петрович, по неговото заминување, уште долго стоеше со стиснати усни без да се фати за работа, задоволен со тоа што и себеси не се понижил, а не го изневерил ни шивачкиот занает.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)