го (зам.) - изнајми (гл.)

Тоа беше среќа за којашто човек може само да сонува, сè до тој викенд кога Марија го изнајми автомобилот и тргна да ги посети своите роднини во Сарагоса, со ветување дека ќе се врати до понеделник во седум часот навечер.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Станува збор за правење на посебна, инаква слика за производот во однос на неговата конкуренција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во тој запис, под реден број 12, стои: „Друг трговец, Никола Поцо, товарил бали волна на брод што го изнајмил од Михаил Карајани од Мисолонги“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа мошне ефектно го направил произведувачот на спортските патики Avia, кој како „spoke person“ го изнајмил американскиот актер и фудбалер Брајан Босворт (Студен како мраз).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Текстот дури почнуваше: „Еј, вие бедници!“
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Една недела подоцна на вратата се појави полицаец со вест дека е пронајдена само каросеријата на автомобилот на една споредна улица во Кадиза, двесте километри од местото на коешто го оставила Марија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
СОЊА: Во право си. (Пауза.) Ќе мораш да се селиш од овој стан. Му го изнајмив на Халил Хабиб. Плати две години однапред во девизи.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Во поглед на паричните казни, во 2004 се пропишани се нови парич- ни казни, во висина од 10.000 до 300.000 денари, за оние правни лица кои ќе вработат или распоредат инвалидно лице на работно место за кое претходно немало квалификација, доколку не го известат Заводот за вработување за престанокот на работниот однос на инвалидното лице или доколку опремата и адаптираниот простор го изнајмуваат или отуѓуваат во рок од три до пет години (чл. 18, ЗИДЗВИЛ/04).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)