го (зам.) - измоли (гл.)

Некои отишле кај Контрашенко и го измолиле да нѐ пуштат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еднаш некако, кој знае како, го измолив да појдеме во Росуље.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
* Дали си поигруваше кога ќе се зафатеше да ѝ ја симне на речта корупката, да ја ослободи од наносите на времето и од бигорот што легнува и на неа; Дали посакуваше првиот сјај да и го врати И првата светлина на новораѓањето Додавајќи ѝ возбудлива грленост И вечен блескот Бидејќи таа и на Господа му пристапувала за да го измоли хлебот наш насушен; За да ја слави Неговата милозливост!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Го измолив архиепископот да ми даде еден кораб со луѓе побожни, мажи благочестиви и да ме одведе на тоа место.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)