го (зам.) - измете (гл.)

Кога Мајка го измете предниот дел од градината, пред липите, и се најде на две-три метра зад нив, се слушна стравотен удар.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Стариот крпач на чевли се затвори во своето одјаче та иако не говореше со мајка му на Димка ѝ дозволуваше понекогаш да му го измете гробот и да му ја испере едната кошула.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ги отворија прозорците, вратите, па со метла го изметоа подот на стариот вагон, со крпа ги избришаа клупите од правот, пластен на нив со години, го проветрија убаво, па послаа на две клупи две чергичиња и легнаа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)