го (зам.) - измачува (гл.)

Него, преку влевање на лажна надеж, со подавање на врбови гранки, божем за да го избават од сигурната пропаст, чупата Перуноска и Владимир Акиноски целиот тој ден го измачуваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
О'Брајан го измачуваше до лудило и за кусо време - во тоа беше сигурен - ќе го испрати и во смрт. Но тоа не беше важно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Или да удри со главата во ѕидот, да ја ритне масата, или да ја зафучи мастилницата преку прозорецот - да направи некоја насилна или бучна и болна работа, што ќе го помати сеќавањето што го измачуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите негови спомени од далечните години, после... тажните писма од Бимбила, фотографиите од синот и внучињата што не ги стегнал ниту еднаш на ранетите гради, и сјајот во нивните очи од новиот, слободен живот таму - сето тоа му беше слеано и дишеше во топлиот трепет на таа незаборавна, светла и мирисна мугра од пред дваесет години, што овде го галеше и постојано го измачуваше со најмилото: мечтите, младоста, љубовта и тешеше во најтешките часови...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во нејзините толку убави и толку сини очи сликарот го виде и го осети собрано и згаснато сето она што овде го возбудуваше и сладосно го измачуваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Даниел, кој секогаш беше сув и подвиткан, сега беше опустошен и не спиеше мирно, во сон стенкаше како да го измачуваше нешто.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не умеејќи да си објасни што се случува, тој ревносно следеше сѐ, обидувајќи се некаде да го најде одговорот на прашањето што го измачуваше – зошто?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Загубата на Караман не можеше да ја преболи. А и сопствениот страв, сопствената немоќ пред ова зло го измачуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таа вечер П го измачуваше несоница. За да му стежнат клепките си го гледаше сиот свој изминат живот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Впечатокот што мора да ѝ го оставил го измачуваше со денови.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сѐ уште држејќи ја кваката, со блажена насмевка ги затвори очите и си помисли, како нема некој пријател, сега да му се јави и да му каже колку му е убаво.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во тие мигови, гледајќи го загрижено нејзиното лице, тој беше уверен дека таа презела сѐ за решавање на проблемот што најчесто го измачуваше сето семејство, па сега узреало времето за одлука.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За овие сопствени дилеми и стравови што го измачуваа со никого не зборуваше.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Можеби ќе се присетите колку очајно се смееше префектот при нашиот прв разговор кога претпоставив дека е сосема можно таа загатка така да го измачува поради тоа што е толку очигледна самата по себе.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но случката често и во сонот му се повторуваше и го измачуваше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)