го (зам.) - измачи (гл.)

- Прашањето на идентитетот, - продолжи Чапаев, со повишен глас - секогаш ќе го измачува балканскиот човек.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ѕвезден корен На д-р Никола Силјановски Не можеше да издржи гледајќи каква тага го измачува каменот кога не слетува птица на него.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Како што болеста сѐ повеќе му стежнува и го истоштува, така сѐ повеќе запаѓа во соништа што го измачуваат: шета на улиците на Виена; воздухот му носи опојни мириси на леандер, орхидеја, зумбул, рузмарин.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Докторот пак дојде да го види. Богдан му се пожали дека лошо спие, дека го измачуваат лоши сништа и му побара нешто за смирување.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Животот, без логична причина, се беше задржал уште малку да го измачува веќе уништеното тело.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Што подоцна, тоа подобро, но времето во кое коцката ќе се врти ќе го измачува, ќе го млави.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Додека тркалата го измачуваат Џ С се дере: - Од овој час сум револуционер!
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Во експериментот на Павлов не станува збор за тоа кучето да почне да го измачува желбата на експериментаторот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Значи вистинитото и лажното и исчезнувањето на едното од нив штом ќе се допрат, беше темата што го измачува, помислив?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И најмладиот од мудреците повеќе не го измачува грешната помисла: како од прекрасен грозд извајан од килибар може да наточи чаша со пенливо вино.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сега го измачува една друга дилема: Дали ќе ја премолчи последната песна Онаа што настана во кочијата на сонот за која и не беше сигурен каде го носи.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Не сакаат да го измачуваат со тажната вистина дека веќе ја нема.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не сакаат да го тревожат со лоши претпоставки.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Поетот сепак го измачува еден проблем кој навидум се чини решлив.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)