го (зам.) - излекува (гл.)

Потковичаните го спружија Лазора помешечки на веленцето Хаџи Паново и го пренесоа дома кај нив, кај Хаџи Пановци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш настапи Мустафа ефенди; на заптиите и на војниците им издаде заповед да ги фатат и да ги отераат Арнаутите во апсаната прилепска, а Лазора да го однесат во војничката болница за да го излекуваат, но Јосиф не даде; Сами ќе го излекуваме, рече.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но, сепак оваа поврзаност би требало да отвори можност изговорениот збор да биде во состојба да го излекува болното тело.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И, најверојатно, многу совесни жители залудно ги дале своите животи за да го излекуваат.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во Гнездо не работеа само сенилните, парализираните, и оние кои неподвижно лежеа в кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој веруваше дека работата може да го излекува лудилото, или барем да помогне во излекувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа сите излегуваат од одајата и ја затвораат вратата; пеењето стивнува; облаците излегуваат пред месечината; топла е постелината околу мене; коњските глави се нишаат страшно во прозорските отвори.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Соблечете го, па ќе лекува, ако не го излекува, убијте го! Тој е само лекар, само лекар.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Да е Маса Ќулумоска, велам јас, со еден скрушец сол ќе го излекува. Со шепотење ќе го излекува, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)