го (зам.) - излага (гл.)

Та го излага дури и стариот Арсланбеј да му направи работа за Доста Рожденката, па ете, помина година, завлезе втора, а тие само чекаат напразно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се спротиви сега Крчо како машко, а не како дете од девет години што го излага.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И како ќе биде тука при таква положба? Го излага мулазимот за Доста Макрева.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зеде од него две лири да ѝ купи чевли и волнена шамија; го излага ќатипот за Дунава, сестра ѝ, му зеде лира за бакшиш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се прости со заптиите во Дуње, бидејќи беше близу до Прилеп, а рано се спреми денски да се прибере, та не подозрувајќи никаква опасност, тргна само со својот гаваз и Андона, кого сакаше уште да го протепа патема што го излага во Полчишта оти ќе плати, кога ќе си отидат во неговото село — Дуње, а од друга страна со него сакаше и да се оправда пред своите старешини во Прилеп, дека ги употреби сите мерки, а останале понеколку души фукара од секое село што не платиле, ама барем разбрале оти живеат во царштината на Султанот, носејќи ги сињилата по телата од стаповите на авалеџијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Секоја година велесаемот се претставува со посебна специфичност на она што го излага.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зар постои начин да се заслади горчината? Со што?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зошто да го излага секому на увид она што ја измачува?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го распраша има ли деца, и му купи две ѓевречиња, плашејќи се од алахот што го излага будалиот селанец.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Овој помисли дека го излага селанецот, го најде будала и му нарача пак до пазар да му донесе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дадено на устабашијата Сефедин 7 сефер 973 год. во Прилеп.   Како што се гледа од писмово, кадијата не смееше да му ја изнесе на султанот вистината, дека не може да ги покори бунтовниците, ами го излага дека избегале водачите и од планина ги бунат христијаните.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)