го (зам.) - издува (гл.)

- Ами што правам јас? - тетка ми Марија како попарена срипа од столот и го издува гласно носот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се разбира, наместо да вовлекувам, јас го издував правот на земи. И фрката започна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Освен тоа, таа не можеше да го чува него заклучен, а не доаѓаше никако предвид тој да оди на улица во таква состојба.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се симнав надолу и го оставив куферот во дневната, па се симнав накај кујно-гаражата да си ги земам чевлите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ебати животот, рече пијаниот гробар и пак го издува носот, го исекна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако оцени дека околината е безбедна, ќе го издува носот кога тој ќе тргне кон неа: инаку, ќе треба да помине покрај неа како да не ја познава.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Почека Едо да ја крене главата, лакомо повлече од цигарата, го подзадржа чадот и целата насмеана го издува во моторот втренчено гледајќи во Еда, расмеана, со сочни крупни бели заби и подзамижано, со необична разиграност на очите во кои зениците и малееја: „Слушај“, му рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Можеше да си го издува сопствениот нос, да си ја избрише устата, да јаде, да стане, самиот да излезе и да ги прави поголемиот дел од работите, но беше и преседнал на мајка ми, која што беше веќе стара жена со нарушено здравје.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)