го (зам.) - издолжува (гл.)

Имав пријателка која не само што се жалеше туку беше и уверерна дека има издолжено лице, и тоа само затоа зашто огледалото го издолжувало.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Им рече Поможи бог девојки и пред тие да успеат да му речат Бог ти помогнал, аго, рипна од коњот, беше тенок и усукан, а турската облека, стегната во појасот, го правеше уште потенок и поусукан, го издолжуваше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Небаре Каин, ковачот не им обрнуваше внимание на намерниците туку страсно му се предаваше на поривот, го засилуваше огнот, го вртеше металот низ пламенот, и кога ќе го усвитеше продолжуваше удирајќи со чеканот да го издолжува, да го обликува: ножот што го коваше...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)