го (зам.) - издолжи (гл.)

ПОПЛАДНЕ Одненадеж се покажа тој ветар што ги разотвори прозорците, го издолжи и го обезличи твојот глас, ги расфрла твоите зборови и исчезна.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Го гледав како ја поткрева ногата и ја потсвиткува во коленото, готов да го издолжи чекорот натаму по патот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Секој крив и куц што врви застанува и чукнува на џамот, или фрла грутка земја или мало камче, или го издолжува вратот и ни гледа во тавата со храна и во шишето ракија, ако имаме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го издолжи лицето и, покажувајќи ги како во закана ретките заби, се смири. Остана залепен крај водата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ќе додадам уште дека првата вечер во воденицата, Иван ја прескокна вечерата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа и не ја изреков онаа друга помисла што ми се чинеше прилично важна, она: дека секоја вознемиреност или воодоошевивање како и причините за сите наши болки, може да го издолжат или да го скратат траењето на времето!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Господинот Жан Мартин се трга, го издолжува вратот, мафта со раце.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се обиде последен пат да стане. Го издолжи лицето и покажувајќи ги како во закана ретките заби, се смири.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Погледај! - го издолжи дрвото кон прозорецот обелен од снегулки.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)