го (зам.) - издлаби (гл.)

Грижливо ја изделка корката, со парче тел го издлаби босчето како цевка, а по тоа зеде едно потенко багремово гранче, го дупна насреде и со него го затна отворот на црцалото.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ќе го издлабеше некако во снежниот намет.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На едната нејзина страна беше изгравирано веќе спомнатото Ич, а на другата страна Раде со клинец го издлаби своето име.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој бараше помош за својата лага, бараше само едно мало олуче, по кое ќе потече таа; а сега се потеше, кога и тоа мало олуче, што го издлаби, оној сакаше да му го одврати.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сето тоа, сакаше заедно со мигот да го издлаби во својата длабока потсвест.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)