го (зам.) - изгасне (гл.)

Други трчаа со гранки во рацете обидувајки се да го изгаснат големиот оган што им ги голташе куќите...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И уште пред шоферот да го изгасне моторот на колата, се реши да се прибере и да ја добие играта, да се извлече и да биде птица далеку од секаков кафез.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Каде е капината? Ја изгоре огнот. Каде е огнот? Го изгасна водата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Зашто ова попладне има прсти од блискост од свое в месо да ти се вовлече капнато да се протега под кожа во коски во сѐ што си и што не си. И не стој се искачи рекава го мина брегов ќе плисне врз тебе ти трчај да не те стигне сево попладне зад себе што го оставаш дур не го изгасне. Трчај гори попладнево.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Су не ја истисна Германија од сеќавањето на Еда, но го изгасна огнот што при сеќавањата го разгоруваа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И може секој да лаже, ама очите, спуштените капаци што ја голтнале шминката, а таа не сокрила ниедна од брчките и само кога долго ќе трепнеш, плус со задршка, ќе заличат волшебно Тие и сјајот во нив што некој го изгаснал, исто како ламба во мракот што со плесок на две раце се гаси.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Да имаше власт над сонцето, сигурно ќе го изгасне дента кога ќе требаше да се упокои, за другите да ги повлече со себе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сите мислевме дека со првото котле ќе го изгаснеме огинот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Другиот ден вечерта (горната диверзија беше извршена на 28 април вечерта, истиот ден кога беше запален и “Гвадалкивир“) сред морето пламна паробродот “Гвадалкивир“, а Гарванов, Т.Лазаров и јас седиме на “Ноњо“ и си го пиеме пивото, чудејќи се заедно со сите како е можен пожар среде морето и како при толку вода да не можат да го изгаснат уште во почетокот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Свири“, рече и го изгасна остатокот на цигарата во празната чаша.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И да размислувам: дали влажната белина на пролетните јаболкници го лекува очите и дали росата може да го изгасне врелиот пепел во човечкото грло.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Доцна синоќа, откако го изгаснаа ламбичето, откако го запретаа жарот во огништето и си легнаа, добриот старец не заборави да му напомне дека треба да внимава на овците што се пред ојагнување, посебно да се грижи за малите јагниња, да ги дои, зашто има овци кои не сакаат да ги дојат своите рожби.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојата на лицето полека му се враќаше а солзите како да го изгаснаа огнот во очите. Тие пак се смрзнаа и станаа рибини.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ја заклучив влезната врата од својот дом, го изгаснав светлото и се качив на катот во спалната каде што се пресоблеков во пижамите и, оставајќи ја само сијалицата над кре-ветот, си легнав со намера да прочитам некоја страница од книгата што ја читав.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Дали фрлале со камења кон сонцето, мислејќи дека така ќе го изгаснат?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во сите примитивни заедници лекот бил ист за сите за кои се верувало дека биле опседнати од демонски сили – им ги продупчувале главите, за да излезе од нив демонот на лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Одвај го изгасна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)