го (зам.) - изгази (гл.)

- Цревата на рака ќе му ги навиткам, вели Мисајле зазбивано, како кокошајнца ќе го изгазам, во чкембето ќе му стапнам, вели Мисајле со модра и збувната уста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама, аир да не види тој што го изгази со автомобил.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од што се уплаши мајката, си велам, дали си рече дека ќе го изгазам, или ме позна дека сум пијан, Бега преку нивјето, преку мртвицата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да е за она што го изгази Муарема во Радобил, одамна беше тоа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ами твојата крава што ми го изгази пиперот?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Може го изгази кола, а можеби му здосади друштвото на двете братчиња и тргна во потрага по нови авантури и нов дом.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Што се карате? Во што е работата?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)