го (зам.) - извојува (гл.)

Згора на тоа, се промовира директно за сметка на задоволството или на чувството или на субјективитетот.92 ‌Лезбејското и геј-движење веќе долго се бори да им го извојува на настраните статусот на политичко малцинство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие биле преокупирани со прашањето што “полесно“, што “побрзо“ и со што помалку жртви да го извојуваат ослободувањето на Македонија и затоа биле свртени кон оние и такви средства што, според нив, требало да го обезбедат тоа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Македонскиот народ од делот на Македонија под Бугарија низ активното учество во антифашистичката борба го извојувал своето право на национално самоопределување и се до 1948 го остваруваше тоа право.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И така, првото нешто што ќе треба македонската интелигенција да го извојува тоа е: отстранувањето на недовербата меѓу интелигенцијата со разно национално и религиозно образование; обединувањето на таа интелигенција како во самата Македонија така и зад нејзините граници; заедничкото опсудување на општите интереси на Македонците; отстранувањето на национално-религиозната омраза; воспитувањето на Македонските Словени во чисто македонски национален дух; задолжителното изучување на македонскиот јазик и литература во средно-учебните установи во градовите со словенско население; обучувањето во селските училишта со словенско население на македонски јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ФОРМИРАЊЕ НА ФЕДЕРАЛНА МАКЕДОНИЈА ВО ФЕДЕРАТИВНА ЈУГОСЛАВИЈА
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)