го (зам.) - извлечка (гл.)

За тоа време, луѓето трчаа кај коритото од реката да му помогнат на Илко за да го извлечкаат Методија од водата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Фенерот запре на човекот што лежеше спрострен наземи, јурнаа стражари со куси стапови. Убиениот го извлечкаа надвор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сиве со косата го извлечка скелетот на опкосеното и пак замава да коси.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но косата сега повлече нешто друго. И кога Сиве ја разгрна тревата, што да види!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Методија ги дофаќаше предметите, се држеше да не тоне, но не излегуваше, туку мавташе со нозете, напињаше и гледаше да дојде до оглавот на магарето, да го фати, да го извлечка и него; но кога ќе му успееше да го фати за оглавот, матицата на водата ќе го зафатеше да го влечка и тој пак го отпушташе и фаќаше надолу.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И, ако загинат во песочната бура, нивната смрт не е смрт на очајници, а само смрт на луѓе кои со сета сила се стремеле да го извлечкаат животот од смртта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа спиште колку што можеше, но Ибраим го извлечка надвор и му го предаде на друг сејмен да го отера во друга одаја.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)