го (зам.) - изведува (гл.)

Слушаше како кај комшијата вратата се отвораше; како го изведуваа и втеруваа; како викаа на него, го псуеја, ги слушаше како плуштеа камшиците и како тој сиромав стенкаше и псуеше мајка, вера, жена, деца и на султан и на валија, и на кадија, кајмакам и на сите Турци. Но не се јавуваше ни за добро ни за зло.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа не привлекува внимание толку со она што го изведува, колку со атрактивниот настап на музичарите, со нивните неразбирливи извици, слични на оние на Индијанците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сите три сакавме да сме во центарот на вниманието во град, па заедно успешно го изведувавме тоа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Макар што дејството кое го изведуваше како сопствена драма не беше ни тронка заслужно за аплауз.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Косењето на пасиштата природно го изведуваа овците, кравите, коњите....
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во весниците излегоа фотографии од дружината која го изведуваше обредот: таму беше, покрај сликата на Фискултурецот, и сликата на Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бев повреден до срж, бев гневен, оти во љубовта најмногу разжестува покажувањето несексуална моќ; веќе не ја слушав Луција, и само се сеќавам, како низ магла, дека таа говореше за некаков втор блок од програмата, по некакво оро, и дека финале, круна на приредбата ќе бил бабарскиот обред од нејзиното село кое ќе го изведувала таа со некоја одбрана дружина од тој крај; во тој обред таа го препознала самото битие на овој народ, а тоа било многу важно за зачувувањето на здравиот народен дух денес, особено кај помладите генерации.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Постојано сум добра, но кога казнувам сите нека внимаваат и нека се молат, да не се тие предметот или субјектот за таа цел. Затоа што тоа го изведувам перфектно суптилно. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кога излеговме надвор, полицајците веќе го изведуваа од дворот, го тераа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
(Соња стои. Борис го изведува Матеј од собата. Матеј е окапан, рацете му се слободни. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ралф Валдо Емерсон, Природа Зборот „кибернетика” го смисли Норберт Винер (Wiener); во 1948-та тој напиша: „Решивме целата област на теоријата за комуникација и контрола, сеедно дали на машини или животни, да ја наречеме кибернетика; зборов го изведуваме од грчкиот збор за кормилар (сиц!).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Зборот „cyber” беше редефиниран (во Речникот на американското наследство) како „теориско проучување на контролните процеси во електронските, механички и биолошки системи, особено протокот на информации во тие системи”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Знаете,“ рече доктор Гете, „јас ги почитувам вашите напори да дојдете до нови сознанија за човечките суштества, ама самиот начин на кој го изведувате она што го нарекувате психоанализа, тоа лежење на вашите пациенти на кауч, додека нешто дрдорат, и вие ги гледате а тие не можат да ве видат вас… Тоа е малку шарлатански.“ „Како шарлатански?,“ се налути брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Моите пациенти не дрдорат додека лежат на каучот во мојата ординација.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И токму тогаш кога се чинеше дека непопустливоста кај Стојна надвладеала, таа му се искубе од рацете, втрча во полумрачната соба зад тремот, и речиси во истиот момент се покажа на прозорецот сосема подготвена, а веднаш потоа почнаа да го изведуваат она за што толку долго се канеа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
При пребројувањата што лично го изведувам доаѓам до многу чудни заклучоци, при секое ново пребројување нивниот број се зголемува за по неколку.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И јас го изведувам телето, а кравата рика по него, пуста мајка, мачки да ја јадат! Рика, дали рика од пондилата кравата, а телето ѝ се одѕива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)