го (зам.) - изведе (гл.)

Кога потерата од турските коњаници си отиде, домаќинот рече: - Како, Гоце, ова го изведе?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Тие беа пет души, имаа оружје! - рече домаќинот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Оној кој им беше водство и утеха во овие четириесет години талкање, оној што го изведе нивното избавувањето од египетското ропство, оној што имаше од бога пренесена моќ, само со допир од својот пастирски стап да ја окрвави цела, големата река Нил; оној што на моќниот фараонски Египет му донесе божји казни и несреќи, тој што по волјата божја го отвори длабокото море и на неговото дно направи пат за безбеден премин за својот народ, првиот патријарх на јудејското племе, оној од кој почнува бележењето во светите книги, тој што во деновите на талкање и глад се помоли за спас и го нарани избраниот народ според божјата благодат со мана, чудесна храна што бог ја истури од небото и, на крајот, оној што го доведе својот народ до ветената земја, а самиот не дочека да стапи во неа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Токму на Лимиеровата линија се филмовите на Енди Ворхол, чиј концеп­туализам е сличен - насловите на овие дела ја чинат неговата очекувана содр­жина; Eat, на пр., 45-минутна снимка на човек кој јаде печурки (човекот е Роберт Индиана, њујоршки поп-артист) може да го споредиме со Лимиеровиот 94 Margina #15-16 [1995] | okno.mk Појадокот на бебето (1895), или, уште подобро, Kiss, 50-минутна серија со автентични бакнежи од различни парови, со Бакнежот на Меј Ирвин и Џон Рајс (1896) на Едмонд Кун, чиј продуцент бил Едисон, првиот филм кој отворено прикажува еден вид на сексуал­ ност, и играјќи на сензација, веројатно и првиот концептуален филм воопшто (овде актерите кои го изведуваат бакнежот се професионални актери).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И покрај обидот за елементарна инсенација (на пр. бурлеската Наводене­тиот наводнувач од 1895.), Лимиер во своите филмови негува фактографски документаризам: на расколот Мелиас-Лимиер се базираат двете основни струи во филмот, фикција/илузија и документ/стварност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ширењето на културниот песимизам и чувството на бесмисленост на животот како апсурден мораме да му го припишеме на споменатиот преврат што го изведе формалниот ум.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Таа не привлекува внимание толку со она што го изведува, колку со атрактивниот настап на музичарите, со нивните неразбирливи извици, слични на оние на Индијанците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Другар му го изведе веднаш в лозје, повеќе дека сакаше самиот да го искористи сонцето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
— Евет, евет, мудур беј, — потврди младиот Сефедин и отиде да го изведе Трајка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во тоа време Андон го фати Мицето и го изведе низ врата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Невестата се натокми како невеста и дури тогаш зетот го изведоа од кулата и го втера Муарем во кералчето на Кулиќевци, каде дојде поп Ристе и го заврте околу бурилото. Co арно — со лошо, Ката Стеванова стана Толевица!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој го погледна крвнички и ни знак на познанство, та остави пријателство, не покажа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Експериментот кој 1972-та го изведе Хундертвасер во соработка со една ТВ станица, ја покажа сета радикалност на неговите архитектонски идеи.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Се надеваше, пустиот, дека кога ќе го изведат пред суд, пред да му ја изречат однапред изречената казна, тој како последен аргумент, не како олеснителна туку како обвинителна околност, ќе ја отвореше стиснатата тупаница и на разголената дланка ќе ги изложеше искорнатите нокти од сопствените раце и нозе пред очите на целата јавност, барем во судницата ако не во земјата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Останатите луѓе, кои сакаат да го докажат своето постоење, мораат самите да го изведат cogito, секој за него или за неа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како што е веќе кажано, делото се состои од 14 делници од кои клавирската е со гигантски размери, и кои се комбинираат на сите нивоа на случајноста - од онаа запишана во партитурата, до спонтаното реагирање на секој изведувач на темпото, траењето и изборот на делот од делницата кој ќе го изведува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Композитор и диригент - Крал и Премиер!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Иако некој може да ги консултира останатите и да учи од нив како да расудува, конечната одлука дали да прифати извесен заклучок ќе биде негова сопствена.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Типично, Декарт може да го изведува неговото cogito само за себе, докажувајќи го со него само своето постоење, а не нечие друго.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Прифаќањето на гледиштата на другите луѓе би било усвојување на аргументи од авторитет, од традиција или општоприфатени, што, според модернистичкиот етос не би требало да се прави.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оваа модернистичка карактеристика е задржана и во Деридините учења, каде што секоја личност не само што може, туку исто така и треба да деконструира за него или за неа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Името на делото повторно упатува, како и во раните дела, на специфичниот, негирачки однос кон традицијата (“традиција која секогаш била традиција на рушење на традицијата”).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Зарем не ти рекоа? Или не си чула? лулањето на колковите девојката не го изведе како ти: толку природно, а толку шик!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Раскажувањето на пријателот Пејо ме увери и по заклучокот дека тогаш кога црните луѓе ќе бидат принудени на судир или напад, тие тоа го изведуваат на еден начин што зад себе не остава речиси никакви траги.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Без гнев во душата рече Единствено што ми останува е да се надевам во бога, но каква е неговата милост, кога по изгубениот најстар син, по толкуте опасности низ кои го изведов мојот сој, сега одново ме изложува?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имаше силна духовна моќ полиграфот Фаик Коница, со силниот заграб на неговиот интелект, да го изведе својот народ од маѓепсаниот источен патријархално-трибалистички круг и да го внесе, макар задоцнето, во поприштето на европските идеи, оддалечувајќи го од феудалниот отомански ментален хоризонт.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се разбира, животот одвреме навреме ќе им одреди на овие свои избраници кога да го изведат казнувањето и со какви средства.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За жал, кога е во прашање нашиот Иван, некој одредил веднаш да биде казнет - реков по мала пауза. - Веројатно со причина - додаде Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, да повторам, ова го сфаќаме прилично доцна. Откако ќе згрешиме“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А и самата ми имаше подречено: „Даскалов, Даскалов, нели неизвесноста како и да ја сфатиш останува најблиску до темнината?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем и не бев сигурен со какви изгледи располагав јас и какви можеа да бидат крајните резултати ако прифатеше Таша да го изведе на виделина со моја помош она што одамна се беше здружило со тишината на неизвесноста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А да знаеш, уште пред да се случи настанот, писмото веќе било предадено на секретарот Домазетовски а потоа не знам на кој начин тој и го беше вратил, или искинал, или намерно загубил, бидејќи преку ноќ, иако и секретаријатот го беше прочитал, писмото го снема, при што, ценам, слична услуга со убава ноќ, каква што мене ми беше пружена, веројатно Стојна му подарила и на секретарот Домазетовски.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Притоа, по правило, секогаш тој го избира вистинскиот момент.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Си вообразував дека ги забележува тие промени на мене и дека е среќен бидејќи и самиот открива дека и во нашето семејство се запатило убавото; мајка му втасала да се накити со пердувести нешта, а подоцна, ако наиде и таква среќа, како што се случува и со орлињата од Сина Скала, можеби ќе ги рашири рацете и ќе полета.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И така во слика и во зборови како во убаво замислен филм го изведе сето она што го имаше опишано во нејзиното писмо со пет потписи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе го изведев Ивана кај коритото преполнето со вода и сонце, и бев многу среќна дека може да ја види мајка си дотерана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Рози беше таа што го изведе чинот на неверството.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И таа се закашлува, а тој [глумецот што ја игра Камелија] го изведува точно кашлањето на Марија Калас, а Арманд седи на работ на креветот и таа се закашлува и кашла и кашла и сѐ повеќе кашла и на крајот му клапнува на Арманд в скутот и сите мислат дека таа кашла, ама тогаш влегува собарката и вели „О!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И покрај своите машки тела, геј-мажите ги имаат душите, природата, вкусовите, ставовите, чувствата и субјективноста на жените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Она што го дефинира машкиот геј-субјективитет е неговото обратување на сексуалните улоги, неговото меѓуобродување, неговата превртена, трансродова психологија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во таквите дејности спаѓаат историското конзерваторство, старинарството, реставрацијата на архитектурата, внатрешното уредување, модата и стилот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се работи за перформативните димензии на нивниот општествен идентитет, за мртвосериозниот чин што го изведуваат свечено, неиронично.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И точка. ‌Дека геј-мажите имаат „својства и одлики што општо земено ги поседуваат девојките и жените“ е и заклучокот што го изведува Вил Фелоус од сопствената студија на културните практики на геј-мажите.331 Конкретно, согледува дека „геј-мажите се видливо и мошне надарено застапени“, дури и „изгледа несразмерно застапени“ во многу „полиња во кои преовладуваат жените, а кои имаат врска со создавањето, обновувањето и одржувањето на убавината, редот и континуитетот“ (x) – поконкретно, во оние дејности чија цел е да се конзервираат материјалните култури од минатото.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога го изведоа на суд за соочување со мене, зборуваше сосем збркано.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
ВГ: Како ќе го изведат тоа на филм? Нема Неуроромансер, втор дел.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ТЛ: Кејс и Моли имаат деца? ВГ: Син на Неуроромансер.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Луѓето имаат деца во Грофот Нула, што беше вистинско продирање за мене.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Горчин рано го загуби татко му, тукушто влезе во пубертет, и мајката беше онаа силна потпора што го отшколува и што го изведе на вистински пат.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Вчудоневидени, претставниците на органите за редот и мирот во земјата, прашале како го извел тоа, а тој им објаснил дека многу му помогнало тоа што Белгијанецот зборувал француски, а Сталин абер немал од странски јазици.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога за првпат го изведоа пред суд, Господ го спаси од сигурната смрт што го чекаше ако го фрлеа на лавовите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Да ја замачка работата Профим, да не разбере селото, дојде на мисла сето тоа да го изведе така како да го родила ќерка ми.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ништо не зборува, Потоа го изведоа надвор од манастирот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ќе ископаме заедно, вели Лазор Ночески, јас ќе ти помагам. - И така чини, велам, и одам да го изведам телето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но тоа Ружа не сакаше да го изведе веднаш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Реши, бараше прво погоден момент, место, но и зборови како побезболно да го изведе тоа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По секоја претстава ѕвонеше дома и безнадежно чекаше Марија да се јави.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На првата забава, на која децата беа маскирани во кенгури, мораше да го прескокне главниот трик со невидливите риби, зашто не можеше да го изведе без нејзина помош.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако го изведев налудничавиот обид што вие го спомнавте, можеби никогаш не ќе излезев жив откај министерот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ја доби Enameled во продавницата за бои и ја трансформира во едно од своите најзагадочни дела, Apo- linere Enameled, својот прв алегориски автопортрет, настанат две години пред L. H. O. O. Q. Duchamp врз ова парче обоен лим изведе три операции.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од „Sapolin enamel“ (саполин емајл) го изведе анаграмот Apolinere Enameled; при дното испиша една криптична реченица: ANY ACT, RED BY HER TEN OR EPERGNE; на огледалато, над комодата, тој додаде слика на едно косо девојче што го бои креветот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како мислите да го изведете тоа? праша Армен.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но јас не ја разбирам врската на гастрономијата со нашата листа на заемките за османотурските јадења во нашите балкански јазици?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од ова племе Рабле го изведува зборот гастрономија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го исправија на нозе. „Соба 101“, рече офицерот. Го изведоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уводните текстови во „ Тајмс“ беа пишувани на него, но тоа беше само tours de force, што можеше да го изведе единствено специјалист.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Размислуваше да го удри одненадеж со дрво по главата, со секира, но како да го изведе тоа за да не биде тој побрз од него и да го спречи.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„И покрај сознанието дека ја има откриено патеката што може да го изведе од просторниот и временски затвор по кој талка и тоа без изгледи да ги реализира своите возвишени цели, Поетот останува овде, врзан за јаслите на земскиот живот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таков беше заклучокот што го изведе по којзнае кој пат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Само вооружените комити, распоредени на меѓите на полјанката, чуварите на сигурноста на мисионерката, како да не го забележувале овој чудесен ритуал исполнет со величественоста на утринското задоволство што со потполна внесеност го изведувал Ѓошо Савев.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не можам да речам зошто Пеперутката го стори тоа, зошто се сврти, но ова нејзино движење сигурен сум дека смеам да го наречам свртување кон себеси, а тоа го изведе многу умешно и тоа само со погледот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Женава си е чист сурогат! рече, мислејќи веројатно на Јана, додека со нескриено самозадоволство си го потчукнуваше заобленото бедро со розовата дланка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И веднаш сфатив дека тоа е единствениот простор низ кој ќе морам да го изведам на слобода моето стадо.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Колковите навистина ѝ се движеа како клатно на ѕиден часовник, дури ми се пристори дека нешто ми кажуваат тие движења и тој звучен ефект од нишањево не беше ништо друго туку објаснување за нејзината голема дарба: (тоа Катерина ми го рече откако стори неколку чекори), а малку подоцна додаде дека умеела да го изведе она кое Јана; за да посака да го изведе ќе морала најпрвин да го смисли а потоа долго да вежба и тоа само за да постигне нешто што сепак ќе личи на обична имитација.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Околу нив постојано протрчуваше сниското слабо човече Крсто, еден од деградираните командири на партизанската војска, и го раскажуваше по којзнае кој пат оној случај кога тој божем имал храброст да го изведе својот вод пред бригадата и да изјави со полн глас дека одбива да замине со борците на Сремски фронт.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можел да го изведе и заклучокот дека само поради слабоста на Бунде кон женската убавина, несреќников бил вовлечен во крвавата пресметка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да бидеме праведни, почитуваниот судија кого си го замислувам во овој момент како објективен застапник на својата професија можел да ѝ се обрати на поротата и со овие зборови: кажете ми почитувани браќа, кој од нас е спремен да се откаже од привлечната понуда на некоја убавица?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се обидов да ја отворам вратата. Но таа беше заклучана и ги издржа сите мои обиди, но џамлакот само од еден удар ми се свлече до нозете.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Наеднаш како да потона во своите длабочини.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Мене судбината ми одреди да одам на југ, и во тој правец ќе тргнам, кон Солун - се јуначеше со тенок глас човечето Крсто.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И навистина не знам која беше причината што не успеав да ја престигнам мајка му на касапот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да, токму ова беше заклучокот што го изведов откако пробуричкав низ сите мисли што можеле да спопаднат една девојка со некој нејзин однос кон околностите во кои се одвиваше нашиот живот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Иако тоа никој не го бараше од него, почна да ме оправдува и притоа да ме дотерува во облеките на неупатеноста, дури и во случајна заскитаност во настан што беше пред сè нивен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Одлетав удолу. Беше тоа најбрзото приземјување што може некој да го изведе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Стариот писател почна да го изведува она што најмногу го мразев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Вие сте среќници. Вам веќе не ви виси над главата тој проблем: како да го изведете на пат својот пород“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Оној што не е прашан никогаш не е во состојба да се пожали.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На 21 мај 1927-та тој го изведе првиот самостоен непрекинат лет од северноамериканскиот на евроазискиот континент. Anne Morow Lindbergh. Mark Twain.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во 1933. година, го изведе и своето прво one-man show, на кое, веднаш до своите, изложи и дел од детските цртежи.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој за 125 долари ја купи машината за пишување „ремингтон” кога таа се појави 1874-та година. 1875-та Твен стана првиот писател во историјата којшто на *** Lance - копје, англ. (заб. на прев.) Margina #21 [1995] | okno.mk 101 издавачот му предал ракопис отчукан на машина за пишување.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Исто така, пишуваше опширни белешки за детска уметност.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Учителката го изведе пред таблата, и јавно пред сите, го изискара, и го натера да се извини, да каже дека згрешил, дека другпат тоа нема да го прави и да ги врати сите работи што ги украл.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Но, иако успеала тоа да го изведе, така што земала дрога, и ние и тој истовремено останавме во нашиот универзум.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Не верувам дека и најголемиот уметник би го извел тоа што го чувствувавме, а и кога би го извел, не би бил во состојба да го опише.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но само привремено. Приближно два дена.”
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А како го изведуваат сето тоа? Едноставно...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Мојот татко можеше својот живот и животот на семејството да го насочи кон еден од конјунктурните јазици за да го изведе на пат или да го спаси семејството: тоа можеше да биде, албанскиот, македонскиот, францускиот или турскиот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Јас ќе му кажам на татко ми, и тој ќе знае како тоа да го изведе, - се досетив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас, пак, за да се докажам дека можам да го издржам истото што и татко ми, смислено го изведов тоа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој, „штедриот и милостивиот Мустафа-бег”, како што стоеше во документот, „пред светлото и чисто шеријатско заседание, го изведе тужениот брат Иса-бег, гордоста меѓу заповедниците, сопственикот на големи знаења, мајданот на милоста, гордоста на државата и верата, и против него кажа дека целата задужбина, имаретот и медресата, и двата амама, селаните и книгите, зградите, нивите и бавчите, дуќаните, и сето друго - нему и на неговите браќа Иса-бег и Паша-бег им останало како заедничко наследство”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)