го (зам.) - избрка (гл.)

„За велјо чудило јас старцки ќе поулавеа по него!“ — си велеше таа кога сакаше небаре да го избрка од паметот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Една ластовица предложи со сила да ја отворат вратата и да го избркаат врабецот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не знам што станало и како станало ама селаните решиле попот грчки да го избркаат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Заради големата школка, заради морето во неа, јас поначесто се преправав болен за да ме замијат, да ми го избркаат урокот, да ме благословат, да ме сожалат и да ми го остават ќесето со каменчињата и со школките.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Зимата помина... - Зарем ние толку време го чувавме и сега да го избркаме, - ја извртуваше работата Благица.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Му вртеше окото ваму-таму по маказарските невести. Човечка слабост. Го избркаа нашите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Каде е моето совршенство? Што барам јас, каде е она што ми припаѓа само мене?“ си помисли таа, а очите ѝ се наполнија со солзи, зашто знаеше дека сега, кога сеќавањето на момчето што ја бакна по вторпат, а всушност ја бакна еднаш и засекогаш, ѝ се врати, никогаш нема да може повторно да го избрка од себе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Стои миг-два, стеснувајќи се, во очекување учителот пак да го избрка надвор, потоа, охрабрен малку од неговото молчење, ја затвора вратата тивко и пречекорува кон таблата.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Не смееш да го избркаш од дома, не смееш да го плашиш да не се трауматизира, не смееш дури ни попреку да го погледаш.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
И сега тој дури не беше сигурен во тоа дали навистина сака да го избрка него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Така и Полин: едниот ден го избрка Профим, другиот ден пак му дојде влечејќи се со носот по тревјето како крава кога пасе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Дедо ми Доне го избрка татко ми од дома со четири малолетни деца.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Симон го избркаа од работа. Изгледа бил пијан. Не сака да каже.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Глушецот си се скрил в дупката. Втори пат излегол и арсланот пак го избркал.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Најпосле главатарот го нави часовникот за да заѕвони и за да го избрка стравот и викна: - Ќе го пратиме белово дете да го најде лавот и да му ја земе сенката.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Уште нешто, - реков. - Познавав еден Карамба-Барамба, Беше нацртан на бел ѕид и немаше сенка.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Не според стилот на епохата туку според изливите, внатрешните релјефи на гестот-ерес временски ќе се сместува меѓу XIX и XX век отприлика почетокот на нашата взаемна љубов: грешките се допуштени ако за грешка може да се смета она кое ги надминува границите ако воопшто од животот можеме да го избркаме чудесното, волшебното магиското.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И старата бука го избрка, и ниските грмушки кои често го канеа да се лулее на нивните гранки го избркаа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И што е ова трчање? Кого ќе го избркам јас оттука, кога и мене ме бркаат оттука?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)